Камиони

Трошоци и оставена трага.

Гориво и животна средина

Услугата Dynafleet – Гориво и животна средина го олеснува надгледувањето на работата на вашите камиони и ефикасноста на вашите возачи. Создадете извештаи за широк опсег на параметри за само неколку секунди – откријте зошто одреден возач троши повеќе гориво од друг возач. Брза и прецизна, услугата ви помага да ја идентификувате потенцијалната заштеда која може да го подобри вашиот краен резултат и да ја намали трагата што ја оставате во животната средина.

Кој е вашиот најдобар возач?

Резултатот за ефикасноста во искористувањето на горивото ви овозможува да го видите искористувањето на горивото на вашите возачи и нивните возила. Рангиран од 0 до 100, резултатот го покажува работењето на возачот преку четири клучни области: приспособување на брзината, користење на моторот и степените на пренос, предвидување и сопирање и застои.

Услугата Гориво и животна средина им дава на возачите моќ да преземат контрола и да ги променат нивните техники за возење додека се на патот. Потенцијално, таа може да им помогне да ја намалат нивната потрошувачка на гориво до 5%.

ТРЕНДОВИ И ОБУКА

Ако го знаете Резултатот за ефикасноста во искористување на горивото, тоа ќе ви дозволи детално да ги споредите перформансите на возачот. Оваа информација, комбинирана со ефективна обука за возачот, ви помага да ја контролирате потрошувачката на горивото со текот на времето.

Развијте го вашиот бизнис

Подобрувањето на ефикасноста во искористувањето на горивото ги намалува трагите што ги оставате во животната средина. Прецизно документирани податоци за емисии можат да ви помогнат да најдете и да задржите клиенти кои имат свест за животната средина. Извештаите за емисии едноставно се прават и можат автоматски да бидат испратени на вашите клиенти кога ќе им бидат потребни. Извештаите од услугата Гориво и животна средина се достапни за камионите погонувани со дизел и со ТПГ.

Обучување на возачот

Дајте им го на вашите возачи советот што им е потребен да ја оптимизираат нивната техника на возење. Дури и додека возат. Обучување на возачот е функција во кабината што дава постојана анализа додека сте на патот. Се работи за непроценлива алатка со брзи реакции - дизајнирана е да ви помогне да го достигнете крајниот резултат. 

Клучни придобивки

  • Увид во потрошувачката на горивото, поминатото растојание, нивоата на емисии и уште многу друго
  • Анализа на работењето за ефикасно искористување на горивото на секој возач
  • Лесно читливи извештаи што ги покажуваат областите во кои може да се намалат трошоците и да се поддржи постојана заштеда со текот на времето
  • Системи за алармирање кои ве предупредуваат за значителни промени во врска со горивото и за потенцијална кражба на гориво
  • Извештаи за нивоата на емисиите кои можат автоматски да се испраќаат до клиентите со свест за животната средина
  • Достапни се извештаите за камионите погонувани со дизел и со ТПГ.

Сакате да дознаете повеќе?

Нашите дилери се експери за Dynafleet. Разговарајте со локалниот дилер за да дознаете повеќе за нашата услуга Гориво и животна средина.