Камиони

Врвниот камион за превоз на долги релации

VOLVO FH СО I-SAVE

Volvo FH со I-Save е идеалното решение за намалување на потрошувачката на гориво при возење на долги растојанија – со одлична управливост. Колку повеќе возите, толку повеќе можете да заштедите за попрофитабилно работење.

Volvo FH со I-Save ги комбинира нашите мотори D13TC со пакетот за гориво*. Може да ги намали трошоците за гориво до 10%**. Згора на се, I-Save ви овозможува да возите подолго време со помал број вртежи и поголем степен на пренос – што придонесува за понепречено, потивко возење. Исто така, можете да очекувате побрз одговор на вртежниот момент од погонот. За одлично возење.

Зголемување на продуктивноста

Моторот D13TC произведува поголем вртежен момент за 300 Nm при помал број вртежи. За да одржите постојана брзина во сообраќајот на автопатот, потребно ви е помало забрзување и помалку гориво. Работејќи во комбинација со I-See, моторот овозможува возење по нагорнините со поголем степен на пренос – штедејќи гориво без губење брзина за попријатно возење. Дополнителниот вртежен момент, исто така, овозможува повисока просечна брзина, особено забележливо при искачувањето на нагорнини.

Моторот D13TC – поголема ефикасност и вртежен момент

D13TC е нашиот најштедлив мотор досега и достапен е со моќност од 420 КС, 460 КС и 500 КС. Благодарение на технологијата Turbo Compound, моторот D13TC целосно ја искористува достапната енергија во секоја фаза, зголемувајќи ја ефикасноста во целиот опсег на бројот на вртежи – најдобар резултат постигнува во опсегот од 900-1.300 вртежи/мин.

* Пакетот за гориво ги вклучува I-See базиран врз мапи, I-Cruise со I-Roll, задни оски што придонесуваат за ефикасно искористување на горивото, гаснење на моторот во празен од и серво пумпа со променливо пумпање.

**Подобрената потрошувачка на горивото е пресметана со споредба на трошоците за дизел и AdBlue за новата палета на I-Save D13TC Euro 6 чекор Е со пакетот FUELECO+ и Classic D13 eSCR Euro 6 чекор Е без карактеристиките вклучени во пакетот за гориво. Реалната економичност на горивото може да варира во зависност од многу фактори, како што се брзината на возење, употребата на контрола на возење, спецификациите за возилото, оптоварувањето на возилото, топографијата каде што се вози, искуството на возачот, одржувањето на возилото и временските услови.

Достапно за овие камиони

Извлечете го максимумот од вашето гориво

Вашиот продавач може да ви помогне да ја искористите најдобро секоја капка.