Дали сте подготвени да ги однесете вашиот камион, работата и бизнисот на следното ниво? Тоа го можете со сервисниот договор на Volvo. Користејќи водечка технологија за поврзување во индустријата и вештачка интелигенција, ги следиме критичните компоненти на вашиот камион во реално време, 24/7. Ова отвора свет на можности за зголемување на продуктивноста - како планирање на посетите на сервисната работилница според вистинската употреба на вашиот камион, па дури и предвидување и спречување непланирани застанувања.
Денес, секој камион Volvo е опремен со еден од најнапредните телематски и дијагностички системи во индустријата. Ова – заедно со најновата технологија за поврзување - му овозможува на Volvo Trucks во реално време далечински да ги следи и анализира податоци за клучните компоненти и да предвиди кога ќе се појави дефект. Податоците се пренесуваат до Меѓународниот центар за оперативност на Volvo Trucks каде што се обработуваат и анализираат. Ако се појави предупредување, тогаш тоа се пренесува до домашниот дилер или до националниот центар за оперативност, за да можат да преземат превентивни дејства пред да дојде до дефект. Во моментов, мониторингот во реално време е вклучен во Volvo Gold Contract на повеќето европски пазари.