Камиони

Volvo Selected 
Изберете користен камион на којшто можете да се потпрете


Купувањето камион е голема инвестиција. Тоа значи дека мора да знаете дека сте го направиле вистинскиот избор. Кога избирате камион Volvo Selected, знаете дека тој е ригорозно тестиран за да ги исполни истите високи стандарди за квалитет, перформанси и безбедност што ги бараме од нашите нови камиони. Затоа што секој детал е важен.


Може да се потпрете на истата поддршка како кога камионот беше нов. Нашите овластени техничари користат само оригинални делови на Volvo и имаат пристап до специјализирана опрема, дијагностички алатки и системи за бази на податоци потребни за одржување на вашиот камион со врвни перформанси.

Зошто да купите користен камион од Volvo Selected? 

Ние сме експертите во индустријата

Volvo Selected е официјална понуда од Volvo Trucks, еден од најдоверливите и најголемите брендови на тешки камиони во светот.

Широка Volvo мрежа

Ви нудиме висококвалитетна услуга во рамките на нашата широка мрежа на застапништва, коишто дејствуваат во повеќе од 30 земји низ цела Европа.

Гарантиран квалитет

Вашиот камион мора да биде сигурен и мора да остане на патот. За да го обезбедиме ова, користиме само квалитетни оригинални делови на Volvo, а нашите услуги секогаш ги вршат стручни техничари обучени од Volvo

На volvoselected.com ќе најдете широк спектар на камиони на Volvo и други марки. Одете на volvoselected.com за нашата најнова понуда.