Камиони

Оригинални Volvo делови 

За да го постигнете потребното време на работа, сигурност и перформанси што ги очекувате од камион Volvo, не прифаќајте ништо помалку од оригинални делови на Volvo. Дизајнирани се за да одговараат на вашиот камион совршено. Произведени според нашите бескомпромисни стандарди. Исто како и нашите камиони, тестирани се не само во нашите лаборатории, туку и со нашите обемни теренски програми за тестирање кои покриваат широк спектар на услови за возење – од арктичкиот мраз до пустинска жештина. Со други зборови, нивниот квалитет е загарантиран. А, кога се монтираат од страна на една од нашите овластени работилница, добиваат гаранција од 2 години. Сето тоа за да го добиете спокојот што го заслужувате.

Вистински дел. Вистинско место. Вистинско време.
 

Оригиналните делови на Volvo се достапни и преку нашата онлајн продавница за делови и од вашиот локален дистрибутер. Со мрежа на дистрибутери и сервисни работилници на преку 130 пазари низ светот, никогаш не сте далеку од деловите и услугите што ќе ве вратат назад на патот. Нашите ефикасни логистички системи исто така гарантираат дека ќе го добиете делот што ви треба кога ви треба.

Нашето ветување за 15-годишно снабдување со делови
 

Не е важно каков камион на Volvo возите или кога сте го купиле, вашето време во возна состојба е наш приоритет. Затоа, продолжуваме да ги изработуваме и снабдуваме важните делови барем 15 години откако некој модел ќе престане да се произведува.

Гаранција за монтирани делови
 

Оригиналните делови на Volvo се поддржани со 2-годишна гаранција за вградени делови. Ако во првите 2 години некој дел откаже поради дефект опфатен во гаранцијата, ние ќе ја покриеме поправката или замената за делот. Целосната гаранција се применува кога работата ја извршува овластена работилница на Volvo. Гаранцијата покрива поправки или замена на деловите. Па дури и последични штети.
 

Дознајте повеќе за оригиналниот сервис на Volvo

Најдете го совршениот дел

Ние произведуваме и снабдуваме повеќе од 100.000 оригинални Volvo делови. А, со нашиот каталог за делови, едноставно е да го најдете тоа што ви е потребно.

Бидете дел од тоа

Оригинални Volvo делови, екпертска услуга и монтажери кои од прв обид ја завршуваат работата. Сè започнува со локалниот дилер на Volvo Trucks.