Камиони

Квалитет – тоа е она според што живееме

Тоа не е само збор. Тоа е наша мисија. Постојан напор да се надмине очекуваното и да не се остави ништо на случајноста. И тоа е суштината на сè што правиме, од развојот на производите до нашата глобална сервисна мрежа. Како го мериме квалитетот? Преку перформансите на вашиот камион. Тој е на патот кога ви треба да биде таму. А, вашиот бизнис е колку што е можно попрофитабилен.

Квалитетни производи

Ние ги дизајнираме, тестираме, мериме и произведуваме секој дел и компонента со точност којашто друг би ја сметал за екстремна. Тоа е процес изведен со страст и прецизност и со контрола на квалитетот вградена од почеток до крај. Тоа е она што ги прави ефикасноста, времето во возна состојба, безбедноста и комфорот што ги доживувате зад управувачот на камион на Volvo. И она што одржува да се движи понатаму, километар по километар.

Квалитетна услуга

Поддршката што ја добивате од нашите дилери, вештината и стручноста на нашите сервисери – кога и да ви требаат – како и обемот и ефикасноста на нашата глобална мрежа за поддршка. Кога станува збор за услуга, квалитетот на Volvo подобрува сè, од ефикасно искористување на горивото и безбедност до продуктивност на возачот и сигурност. Тој овозможува помошта и резервните делови да ви бидат на дофат, ги одржува вашиот камион на патот и профитабилноста на крајниот резултат.

Сакате да го видите квалитетот на дело?

Наминете кај локалните дилери на Volvo Trucks. Тие можат да зборуваат за квалитетот цел ден. Тоа им е страст.