Без оглед на тоа каде се наоѓате – и дали е тоа среде ноќта – ние сме секогаш подготвени да ви помогнеме. Потребна ви е помош за да се држите до распоредот? Без грижи! Нашиот Меѓународен центар за време во возна состојба е на само еден повик од вас.
Меѓународен центар за време во возна состојба
Нашиот Меѓународен центар за време во возна состојба е секогаш достапен да го опслужи вашиот случај од почеток до крај. Ќе бидете поврзани со еден од нашите искусни Координатори за време во возна состојба кој го говори вашиот јазик, како и јазикот на земјата во која се наоѓате. На тој начин не ризикувате недоразбирања заради тешкотиите со јазикот додека сте во странство.
Помош 24/7
Секогаш можете да сметате на поддршката од нашиот тим на искусни Координатори за време во возна состојба на Volvo Action Service, вештите сервисери и опширната мрежа на дилери на Volvo Trucks. Заедно, тие ќе се погрижат да ве задржат на патот во секое време. Познавајќи ги детално нашите производи и начини на сервисирање и користејќи само оригинални делови на Volvo, нашите сервисери ќе обезбедат вашиот Volvo да остане Volvo.
Влечење и специјалистички поправки
Доколку возилото не е можно повеќе да се вози, нашиот Координатор за време во возна состојба ќе организира влечење до најблиската погодна сервисна работилница на Volvo Trucks. Покрај поправката на вашиот камион Volvo, Volvo Action Service исто така ве подржува и со поправка на пневматиците, приколките, задните конзолни лифтови и разладните уреди.
Услуга на изнајмување
Доколку вашето возило или приколка не може да се поправи на време за да го одржите вашиот распоред, нашите Координатори за време во возна состојба ќе ви помогнат да пронајдете решение за изнајмување.
Финансиска и правна помош
Доколку наидете на непредвидени трошоци, Volvo Action Service може да организира Финансиска поддршка за итен случај. Доколку се соочувате со какви било тешкотии со локалните власти, нашите Координатори за време во возна состојба исто така можат да обезбедат и правна помош.
Помош при патување и сместување
Доколку ви е потребна помош со закажување на барањата за патување и сместување, Volvo Action Service е подготвен да помогне.
Држава | Телефон | Држава | Телефон | Држава | Телефон |
---|---|---|---|---|---|
AT | 0800 29 89 64 | FI | 0800 11 32 02 | NL | 0800 022 52 41 |
BE | 0800 159 45 | GB | 0800 89 88 39 | PL | 00800 321 12 01 |
BY | 8 820 0321 0003**** | 0800 92 92 92** | PT | 800 80 50 32 | |
CH | 0800 55 11 78 | GR | 00800 321 23 22 | RU | 8 800 333 7400 |
CZ | 0800 18 72 93 | HU | 06800 123 61 | 8 800 100 7799***** | |
DE | 0800 181 03 00 | IT | 800 87 83 56 | SE | 020 79 58 27 |
DK | 800 101 57 | IE | 1800 55 32 07 | TR | 00800 329 13 22 |
ES | 900 99 32 47 | 1800 70 92 92*** | ДРУГО | +32 9 255 67 11****** | |
900 98 32 51* | LU | 0800 2 2560 | |||
FR | 0800 90 75 18 | NO | 800 114 06 |
* Употребувано само од шпански и португалски клиенти во Шпанија.
** Употребувано само од клиенти од Обединетото Кралство и Ирска во Обединетото Кралство.
*** Употребувано само од ирски и британски клиенти во Ирска.
**** Може да се користи само на фиксни телефонски линии, а не на мобилни телефони.
***** Употребувано само од белоруски, казахстански, руски и украински клиенти во Белорусија, Казахстан, Русија и Украина.
****** Не е бесплатен телефонски број.