Бараме љубопитни, креативни луѓе кои сакаат да го променат светот преку иновативно размислување.
Ве покануваме да станете дел од Волво Македонија ВТЦ ДООЕЛ Скопје со аплицирање за позицијата:
Референт за прием на возила / магационер
Локација: Скопје - Петровец
Volvo Trucks Corporation испорачува комплетни транспортни решенија за клиентите со својот целосен асортиман на средни и тешки камиони врз основа на нејзините основни вредности за квалитет, безбедност и грижа за животната средина. Се гордееме со нашата инклузивна работна средина која промовира стимулирачка енергија и го поттикнува индивидуалниот раст за создавање силни тимови.
Можеме да продолжиме да се истакнуваме како лидери во транспортната индустрија само преку луѓето кои нè водат напред.
Нашиот свет е свет на напредок.
Ваши задачи:
• Контакт лице за закажување сервис, поправки и дијагностицирање на дефекти
• Планирање и организирање на сервис, поправки и дијагностицирање на дефекти во согласност со капацитетите на работилницата
• Предавање на возилото на клиентот по извршениот сервис или поправка,
• Нарачување, прием и издавање на стока и резервни делови
• Работа во малопродажба, креирање профактури, фактури и доставни листови
• Продажба на резервни делови и сервисни услуги
Ваш профил:
• Одлични организациски и комуникациски вештини
• Проактивност и мотивација за добро извршување на работата
• Добро разбирање на бизнисот со комерцијални возила
• Одговорност и желба за постигнување на поставените цели
Вие сте кандидат за нас ако:
• Имате најмалку 2 години работно искуство на исти или слични работни места
• Имате завршено средно образование
• Имате активно познавање на англискиот јазик
• Користите компјутер во вашата секојдневна работа
• Имате возачка дозвола од категорија Б и сте активен возач
Доколку сте заинтересирани за работа во динамична организација и градење
на успешен тим со инспиративни колеги, испратете ја вашата биографија до нашата е-адреса:
Само кандидатите што ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани!