Камиони

Сервисирање приколки

Со сервисирање приколки може да ја одржувате вашата приколка во исто време со камионот. Тоа е онолку практично колку што е ефикасно. Оваа сеопфатна и проактивна услуга, исто така, го одржува вашето возило во одлична состојба, ги заштедува трошоците и го максимизира времето поминато на пат.

Одржувајте го целото возило на едно место

Одржување со висок квалитет

Во нашата сервисна работилница, вашето возило ќе биде сервисирано со оригинални делови и за него ќе се погрижат сервисери со експертско знаење, како за камионите Volvo така и за вашата приколка.

Подобрена контрола на трошоците

Вашите оперативни трошоци стануваат попредвидливи. Плаќате фиксна цена по километар, а нашата превентивна грижа го минимизира ризикот од непредвидени поправки.

Погодност и помалку администрација

Со само една сервисна работилница за посетување, само еден контакт за повикување и само една фактура за обработка, вашето одржување станува многу полесно и поефикасно.

Помалку време потрошено во сервисната работилница

Одржувањето на камионот и на приколката во една сервисна работилница заштедува скапоцено време. Како и нашата ефикасна најмодерна постапка на сервисирање.

Минимизиран ризик од непријатни изненадувања

Нашето превентивно одржување ви овозможува да дејствувате врз ризиците пред да се претворат во проблеми. Тоа го минимизира ризикот од застои, поправки и неочекувани трошоци.

Обезбедена преостаната вредност

Одбирајќи го Оригиналното Volvo сервисирање и неговиот еквивалент за приколки, го одржувате возилото во одлична состојба и му ја гарантирате на следниот сопственик неговата безбедна вредност.

Оригинално Volvo сервисирање

Оригинално Volvo сервисирање

Нека вашиот камион го одржуваат највештите сервисери во најмодерната сервисна работилница користејќи ги најсоодветните алатки и делови.

Дознајте повеќе за Сервисирањето на приколки