Важно е да се има вистински партнер за финансии за вашиот камион. Оној што го разбира вашиот бизнис и кој е со вас и во добрите и во тешките моменти. Еве пет причини зошто Volvo Financial Services е идеален партнер за набавка на вашиот камион.
Volvo Financial Services е давател на финансиски услуги за Volvo Group повеќе од 20 години. Со нас е лесно да се води бизнис, нè познавате преку вашиот локален дистрибутер и кога ви треба помош, ние дејствуваме брзо.
Исто како што секој од нас е уникатен, така е и вашиот бизнис. Го разбираме тоа во Volvo Financial Services. Дали сакате да ги прилагодиме вашите плаќања за да одговараат на вашиот прилив на пари? Дали сакате да направите поголем депозит за да ви бидат помали месечните сметки? Тука сме да помогнеме. Со запознавање и разбирање на вашиот бизнис и каде тој е насочен, можеме да ви го понудиме најдоброто решение скроено по ваша мерка. Такво коешто ќе ги исполнува вашите потреби денес и е доволно флексибилно за да ве носи самоуверено во иднината.
Без разлика дали сакате еден камион или цел возен парк, нов или користен, Volvo Financial Services може да ви помогне да го остварите тоа. И не само во однос на возилото – ние исто така можеме да ви ги обезбедиме сите делови и договори за услуги, за да функционираат за вас и за вашите клиенти, како и да ви обезбедиме осигурување за да ве заштитиме. Сите овие поволности се достапни преку вашиот локален дистрибутер на Volvo Trucks.
Зарем не би било убаво ако бизнисот секогаш оди добро? За жал, деловните циклуси варираат, а може да се појават и други пречки за водење на вашиот бизнис. Ние разбираме и стоиме покрај вас во тешки и во добрите времиња. Кога ќе се случи нешто, потребна ви е поддршка и флексибилност од вашиот партнер – а тоа е она што можете да го очекувате од нас.
Вашата банкарска кредитна линија најдобро служи кога се користи како бафер за протокот на готовина за вашите дневни деловни активности – а не за купување камиони и услуги за поддршка. Затоа, многу подобар начин за финансирање на вашата набавка на камион е да имате втора кредитна линија од Volvo Financial Services.
Финансиските услуги на Volvo не обезбедуваат даночни или сметководствени совети. Клиентите треба да се консултираат со својот правник за даноци или сметководител во врска со поединечните околности.