Камиони

ГРИЖА ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА – ТОА Е НАШАТА ЗАЛОЖБА

Може да се каже дека сме пионери. Грижата за животната средина е една од нашите основни вредности уште од 70-тите години. Оттогаш, ги намаливме емисиите на загадувачи на воздухот од новите камиони на Volvo за 90% и ги намаливме потрошувачката на гориво и влијанието врз климата за 40%. Веруваме во одржлива иднина за транспортната индустрија. А нашите камиони, услуги и операции ќе продолжат да го водат патот во таа насока.

Камиони и услуги

Нашата цел е да создадеме камиони и услуги што имаат помало влијание врз животната средина. И, преку подобрување на ефикасното искористување на горивото до истражувањето на алтернативни горива, навистина постигнуваме напредок.

Енергетска ефикасност
Од 1970 година, потрошувачката на гориво се намали за 40%. Но, знаеме дека можеме и подобро. Затоа, посветени сме на подобрување на ефикасноста.

Менаџирање на горивото
Нашите камиони имаат ефикасно искористување на горивото. А нашите паметни системи за управување со горивото и обуката за возачите ви помагаат да го извлечете максимумот од нив.

Алтернативни горива
Ние бевме првиот производител на камиони којшто сеопфатно го тестираше горивото Bio-DME и којшто презентираше дизел-мотор што работи на метан.

Емисии од камионот
Нашиот Euro 6 мотор ги преполови емисиите на честички и ги намали азотните оксиди за речиси 80%. Нашите камиони со погон на ТПГ исто така имаат значително намалени емисии.

Материјали и рециклирање
Околу една третина од материјалите во новиот камион на Volvo доаѓаат од рециклирани материјали. А до 90% можат да се рециклираат на крајот на животниот век на камионот.

Дознајте повеќе за нашите одржливи камиони и услуги

Нашето работење

На пат сме да го направиме нашиот производен процес целосно одржлив. Нашите погони во Гент, Белгија и Туве, Шведска, беа првите климатски неутрални фабрики за возила во светот. Нашата бојаџилницата во Умеа, Шведска, ги има најниските емисии на растворувачи во индустријата. Исто така, сè поголем број од нашите застапништва стануваат CO2 неутрални. Но, тоа не е сè. Оваа работа брзо и глобално се проширува за да опфати колку што може повеќе од нашите методи на производство, фабрики, транспорт и застапништва.

Дознајте повеќе за нашата одржлива работа 

Намалете го вашето влијание

Грижата за животната средина е многу важна за вашиот камион или возен парк. И локалниот дилер на Volvo Trucks е тука да помогне.