Камиони

Македонија

×

Развој на возачите

Дали сакате да научите вештини од повисоко ниво? Нашите курсеви за обука можат да ви помогнат. Без разлика дали станува збор за заштеда на гориво, зголемување на продуктивноста или останување во тек со промените во индустријата, ние ќе ви дадеме знаење и самодоверба во реалниот свет, коишто ќе ви помогнат да бидете најдобри.
 

Научете од најдобрите
 

Кога се обучувате со нас, ќе дознаете нешто повеќе за вашиот камион директно од оние кои знаат најмногу за него – лицата што го направиле. Освен тоа, нашиот близок однос со транспортните компании, властите и логистичката индустрија гарантира дека секогаш ќе добивате најнови информации за развојот и трендовите во индустријата. Исто толку важно, ние постојано ги развиваме и усовршуваме нашите обучувачи – за да бидете сигурни дека тие се секогаш високо квалификувани и сертифицирани. Сето тоа за да ви помогнеме да го извлечете максимумот од вашиот камион.

Зошто развој на возачи за Volvo Trucks

  • Извлечете го максимумот од вашиот камион
  •  Заштедете гориво
  • Зголемете ја продуктивноста
  • Зголемете ги знаењата за индустријата
  • Подобрете ја безбедноста на возачот

Подобрете го вашиот краен резултат

Најбрзиот и најлесен начин да го подобрите крајниот резултат е преку менување на навиките при возење. Со подобрување на начинот на забрзување и сопирање и целосно искористување на карактеристиките на камионот, можете да ја намалите потрошувачката на гориво за дури 10% – веднаш. Зголемената безбедност и намалувањето на абењето ќе ви заштедат уште повеќе пари и време.

Нашите курсеви ги учат возачите како можат најдобро да ги користат карактеристиките и услугите за камионот, како и да ги подобрат своите знаења за индустријата. Сè за да можат да возат поекономично, побезбедно и повешто – а така се зголемува и продуктивноста.

Совет кој се исплати

Врз основа на децениски истражувања и искуството на Volvo и водени од инструктори специјалисти, нашите курсеви за обука комбинираат теорија и практична обука. Нашите камиони за обука се опремени со најновата технологија за заштеда на гориво и безбедност. И секој курс може да биде приспособен на вашите потреби – или потребите на вашата компанија.

Придобивки од курсот
 

  • Веднаш ќе видите подобрувања во економијата на горивото, безбедноста и абењето
  • Курсевите ги исполнуваат прописите во ЕУ (важат за CPC)
  • Инструкторите се вешти специјалисти на Volvo Truck
  • Курсевите редовно се ажурираат, така што ќе бидете пред конкуренцијата
  • Курсевите се базирани на децениски истражувања и искуства

Избор на курсеви

Водич за возачи на Volvo Trucks    

Сè што треба да знаете за вашиот камион, неговата уникатна конфигурација и за тоа како да работите со него можете да пронајдете во вашиот прилагоден водич за возачи. Достапен е во многу различни формати: Можете да го прегледувате на интернет, да го преземете со апликацијата, да го читате како испечатената книга или да го преземете како PDF.

Прочитајте повеќе за Водичот за возачи на Volvo Trucks

Закажување на вашиот курс

Дилерот на Volvo Trucks може да ви помогне да го пронајдете и закажете вистинскиот курс за вас.