Барате совршена стабилност и контрола без разлика на брзината со која возите, во комбинација со намалено оптоварување на вашите мускули? Или сакате помош за да избегнете занесување на возилото и ненамерно излегување од лента? Погледнете го од поблиску Volvo динамичкото управување. Ви го дава сето тоа, плус шанса за ваши лични опции. Дури и нуди далечинска контрола врз управувањето.
Volvo динамичкото управување го комбинира конвенционалното хидраулично управување со електричен мотор кој одговара на механизмот за управување. Со обработка на информациите од повеќе сензори, системот одредува каде камионот оди и која е намерата на возачот. Моторот се контролира 2.000 пати секоја секунда со цел корекција ненамерните движења на воланот и за да се обезбедат дополнителни вртежни моменти кога е тоа потребно.
При големи брзини, Volvo динамичкото управување ве одржува стабилни и на точната патека. А за време на бавно и внимателно маневрирање, тоа ви ја обезбедува силата за управување, без разлика на товарот. Така дури и се елиминира притисокот од одењето во рикверц со целосно натоварен камион и автоматски го враќа воланот во неутрална положба. Може да се враќате во рикверц повеќе од 100 метри без да излезете од патеката на возење.
Поправките на курсот што ги правите по користење сопирачки на нерамна површина? Не постојат. Удари од дупки, бразди и ознаки на патот? Речиси незабележливи. Volvo динамичкото управување дури и го балансира влијанието на силните странични ветрови. Олабавете го стисокот врз воланот – камионот ќе ја смени насоката токму кога вие ќе посакате.