Запознајте се со нашите камиони и како можеме да ги прилагодиме за вашите потреби. Погледнете ги подетално моторите, шасијата, кабините и решенијата што ги прават камионите на Volvo единствени. Втурнете се во истражување на деталите и широкиот опсег на избори што ви се достапни. Ова е местото каде што ќе го пронајдете вашиот следен камион.
Вашиот нов камион Volvo доаѓа со целосна 12-месечна гаранција на возилото и 24-месечна гаранција на погонот. Заедно, тие обезбедуваат сеопфатен пакет придобивки што ве штитат од дефектите при производството. Било кој дефектен дел ќе биде поправен или заменет потполно бесплатно од која било овластена работилница на Volvo.
Гаранцијата за возилото важи за период од 12 месеци од датумот на испораката со неограничена километража. Гаранцијата за погонот е со важност за период од 24 месеци од датумот на испораката или до 300.000 км. Вашиот дилер може да ви даде целосни детали за одредбите и условите за гаранцијата.