Камиони

Нашата глобална кампања за безбедноста на децата во сообраќајот

Стоп. Гледај. Мавтај

Направете некаква разлика каде и да сте

Продолжува да расте бројот на деца што земаат учество во камапањата на Volvo Trucks  „Застани, погледни, мавтај“. Целта е да им се помогне на децата низ светот да разберат како да се движат безбедно покрај сообраќајот. Прво да застанат. Да разгледаат наоколу. И, на крајот, да му мавнат на возачот за да се осигурат дека ги забележува.

Ги охрабруваме нашите вработени низ светот да се заангажираат во промовирањето на безбедноста на нивните деца и на децата во нивните заедници. Сè повеќе земји стануваат дел од „Застани, погледни, мавтај“.

Можете навистина да направите разлика ако ни се придружите.

Со „Застани, погледни, мавтај“, можеме да спасиме животи

Секоја година повеќе од 260.000 деца под 19-годишна возраст умираат поради сообраќајни незгоди. Во премногу од тие незгоди се вклучени камиони и автобуси. Голем број на млади животи може да се спасат ако ги научиме децата како да се однесуваат во сообраќајот.

Материјалите за обука „Застани, погледни, мавтај“ се направени да им помогнат на родителите, учителите, организации и властите да ги едуцираат децата преку забавни интерактивни и практични вежби.

Сиот материјал е бесплатен и достапен за сите. Вклучува основен и поопфатен комплет, анимирана интерактивна приказна, плус презентација и упатства за обука.

Комплетите за обука се достапни на неколку јазици.

Совети кои можат да спасат живот

Volvo Trucks разви инспиративни материјали „Застани, погледни, мавтај“ во формат којшто е лесен за употреба. Дизајнирани се да им помогнат на родителите, учителите, организации и властите да ги едуцираат децата преку забавни интерактивни и практични вежби.

Сиот материјал за кампањата е бесплатен и може кој било да го употребува.

Водич за инструктори Format PDF Size 1009 KB
Водич за инструктори (RHD) Format PDF Size 4 MB
Кориснички водич Format PDF Size 49 KB
Основна верзија на „Застани, погледни, мавтај“ Format PPTX Size 5 MB
Постер Format PDF Size 3 MB
Возачка дозвола Format PDF Size 86 KB
Тепих со улици Format PDF Size 951 KB
Интерактивна приказна Format PPTX Size 188 MB

Видете ја безбедноста од прва рака

Локалниот дилер на Volvo Trucks може да ви ја покаже секоја извонредна безбедносна одлика и да одговори на сите прашања што ги имате во врска со безбедноста.

Најдете го вашиот локален дилер