I-Shift е дел од палетата на автоматски менувачи на Volvo Trucks дизајнирани да го направат возењето полесно, побезбедно и поудобно. Секое менување на степенот на пренос е совршено темпирано – автоматски. Опсегот на софтверски пакети во овозможува да го приспособите I-Shift на вашите потреби. Во зависност од моделот на камион, има верзии на I-Shift кои ќе ви отворат нови можности, како I-Shift со степени на пренос за бавно движење и I-Shift со двојна спојка.
I-Shift е заснован на „класичен“ несинхронизиран рачен менувач – заради неговиот компактен дизајн и висока ефикасност. Магијата се случува во електронската контролна единица, која управува со спојката и менувањето на степените на пренос. Со постојано евалуирање на информацијата за брзината, тежината, видот на патот и побарувачка за вртежен момент, тој применува екстремна прецизност на секое менување. Системот исто така комуницира со моторот, дозволувајќи му да ги прилагоди вртежите и кочниците за најдобра изведба.
I-Shift е достапен за Volvo FH, Volvo FH16, Volvo FM, Volvo FMX и Volvo FE.