Камиони

Македонија

×
Надградба на софтверот за I-Shift

Софтверски пакети за постпродажба

Надградете го вашиот I-Shift

Понепречено менување брзини. Намалени трошоци за одржување. Зголемена ефикасност на искористување на горивото. Подобра продуктивност. Во последните години, Volvo I-Shift стана репер во индустријата кога станува збор за автоматската трансмисија.Исто така, софтверот за I-Shift може да се надгради да им одговара на вашите транспортни задачи. Погледнете ги разните опции тука, дизајнирани да го направат вашиот транспортен бизнис да се одвива уште поефикасно.

Паметна погонска група, сега уште попаметна

Кога го правевме вашиот камион, го оптимизиравме софтверот за I-Shift за определена транспортна примена. Дали вашите транспортни задачи оттогаш се промениле? Или можеби најдовте половен камион со совршени спецификации за вашите потреби, освен софтверот за I-Shift?

Без грижи. Можеме едноставно да го надградиме вашиот софтвер за I-Shift да одговара на вашите потреби. Ќе ја подобрите продуктивноста, ќе заштедите гориво и ќе го намалите абењето на компонентите од погонската група.

Надградба на софтверот за I-Shift за превоз на тешки товари
Volvo I-shift upgrade fuel save global

Придобивките од приспособен софтвер

Софтверот за I-Shift што е совршено адаптиран на транспортната задача не само што ги подобрува перформансите на погонската група. Тој ќе ги подобри и перформансите на вашиот бизнис.

Ќе искусите подобар баланс во одржувањето на брзината истовремено постигнувајќи најдобра заштеда на горивото. Вашиот краен резултат ќе биде зголемена продуктивност, комбинирана со безбедно и удобно возење.

Volvo I-shift upgrade how to upgrade global

Како да надградам?

Единственото нешто што е потребно за да го оптимизирате вашиот I-Shift е посета на вашиот дилер на Volvo. Тука, ние ќе го надградиме софтверот за I-Shift да им одговара на вашите транспортни задачи. Софтверот е приспособен на сертификациите за издувни гасови на вашиот мотор и на верзијата на хардверот за I-Shift.

Некои од придобивките на надградувањето:

  • Подобрени перформанси
  • Намалена потрошувачка на горивото
  • Покомфорно возење
  • Намалено абење на компонентите од погонската група

Кој софтвер да го изберам?

Кој софтверски пакет ѝ одговара на вашата транспортна задача? Следува прегледот на достапните пакети – имајте предвид дека за постарите верзии на I-Shift, некои од софтверските пакети се комбинирани.

Volvo I-shift upgrade software basic global

Basic (TP-BAS)

Ова е стандардниот софтверски пакет што се испорачува со I-Shift. Овој пакет ги вклучува основните функции на менувачот за сестрано возење.

Volvo I-shift upgrade software distribution global

Дистрибуција (TP-DIST)

Ги приспособува функциите на менувачот на специфичните услови во делот за дистрибуција. Софтверскиот пакет вклучува функции што помагаат на способноста за маневрирање кога се тргнува од статична положба, при маневрирање на тесни места и при возење со мала брзина.

Volvo I-shift upgrade software construction global

Градежништво (TP-CON)

Функциите одговараат на специфичните услови во градежниот сегмент. Проектиран за справување со потешки услови на патот и за да ѝ помогне на способноста за маневрирање кога се тргнува од статична положба, при маневрирање на тесни места и при возење со мала брзина.

Volvo I-shift upgrade software long haul global

Возење на долги растојанија (TP-LONG)

Вклучува интелигентни функции што ја минимизираат потрошувачката на горивото. Овој софтверски пакет е идеален за работа на долги релации каде што најважна е потрошувачката на горивото. Пакетот ја вклучува и функцијата I-Roll на некои верзии на I-Shift.

Volvo I-shift upgrade software heavy duty transport global

Транспорт во тешки услови (TP-HD)

Го оптимизира I-Shift за транспорт во тешки услови со големи бруто маси на комбинациите (>85 тони). Без разлика на бруто-масата на комбинацијата, возачот секогаш може да го оптимизира возењето со избирање или деактивирање на режимот за тешки задачи и активирање на режимот за превоз на долги релации. Функциите во софтверскиот пакет нуди и корист за камиони што влечат повеќе приколки.

Volvo I-shift upgrade software crawler gear global

Степени на пренос за бавно движење

Ја адаптира функционалноста во I-Shift на вашите конкретни потреби со степени на пренос за бавно движење. Софтверските пакети вклучуваат функции како степени на пренос за многу бавно движење и степени на пренос за возење наназад со повеќе брзини. Пакетите се достапни само за камиони опремени со I-Shift со степени на пренос за бавно движење.

Одлики на софтверските програми

Кои одлики ќе ѝ одговараат на вашата транспортна задача? Подолу се дадени некои од најзначајните одлики на софтверските пакети за I-Shift. За да ги погледнете сите одлики и точната содржина на секој пакет, јавете се на вашата сервисна работилница на Volvo и побарајте ги листите со податоци за вашата специфична верзија на I-Shift.

Volvo I-shift upgrade gears global

Подобрено приспособување за избор на степенот на пренос, вкл. Kick-Down.

Ова овозможува нагодување на автоматски избраниот степен на пренос за тргнување, како и степенот на пренос за возење во автоматски режим, преку активирање на копчето плус/минус на рачката на менувачот. 

Исто така, има и функција што го олеснува приспособувањето на брзината кога возилото работи додека стои или се движи многу бавно - на пример, при метеж во сообраќајот. Степените на пренос може и да се зголемуваат, бидејќи брзината на моторот автоматски се зголемува пред менувањето.

Функцијата kick-down избира степен на пренос за максимално забрзување преку менување на стратегијата за менување на степените на пренос, со цел да се максимизира забрзувањето на возилото.

Volvo I-shift upgrade bad roads global

Подобрени перформанси – лоши патишта

Овој изборен пакет е специјално адаптиран на специфичните услови на градежниот сегмент како и сегментот за превоз на трупци.

Режимот P+ Performance вклучува разни функции што го адаптираат менувањето и изборот на степените на пренос на неповолни површини за возење и ридестите стрмнини. Тој исто така вклучува и функции што го олеснуваат тргнувањето од место при лоши услови на возење.

Оваа функција може без какви било проблеми да се комбинира со програмата за Транспорт во тешки услови (TP-HD). Функциите AVO-ENH ќе бидат активни само кога не е активен HD-режимот и кога е избран режимот Power.

Volvo I-shift upgrade I-see global

I-See

I-See не само што ги помни ридовите по кои возите. Тој однапред ги знае и стрмнините.

Тоа го прави преку пристап до податоците што ги добива од сите други камиони што ја користат функцијата I-See. Овие информации се складирани во база на податоци. Веднаш штом некој камион ја извози рутата, сите останати камиони можат да ги користат информациите за топографијата на рутата со помош на единицата за комуникација на Телематичката порта. Користењето на I-see може да заштеди до 5 проценти гориво.

Софтверските комплети се продаваат само како комплети прибор и мора да се комбинираат со I-Cruise (Паметен темпомат).

Volvo I-shift upgrade heavy duty global

Контрола на БМК за тешки услови

(Достапно само со одредени комбинации на мотор/менувач.)

Го оптимизира изборот на степенот на пренос за големи бруто-маси на композицијата (85 t < GCW ≤ 180 t). Оваа функција ја подобрува управливоста и економијата на горивото во сегментот за транспорт во тешки услови.

Во HD режим на работа, првиот степен на пренос се користи како степен на пренос за тргнување, а изборот на степени на пренос е адаптиран кон поголеми бруто-маси на композицијата. Меѓу другото, функцијата TP-HD го избира почетниот степен на преносот за да одговара на бруто-масата на композицијата, со што ја штеди спојката.

Се користи целата палета на степени на пренос, а степените на пренос доследно се менуваат при високи вртежи за да се одржи вртежниот момент и комфорот на возењето.

Volvo I-shift upgrade enhanced shift global

Подобрена стратегија за менување на степените на пренос

(За целосна функционалност потребен е EBS-MED.)

Со заемно дејство на EBS (Диск сопирачки со Електронски контролиран систем на сопирање, EBS-STD/EBS-MED) и ECS (Електронски контролирано потпирање, SUSPL-EC), се олеснува тргнувањето и маневрирањето.

Овој режим на сопирање го максимизира ефектот на сопирање на VEB/VEB+/забавувачот со автоматско избирање на соодветниот степен на пренос, така што моторот работи со голем број вртежи. Оваа функција го компензира моторното сопирање при менувањето на степените на пренос во режим на сопирање.

Volvo I-shift upgrade pto functions global

Подобрени PTO функции

Неколку функции што го помагаат користењето на приклучоците за давање погон. Функциите на I-Shift за приклучоците за давање погон овозможуваат активирање на својствата како Auto Neutral, Reverse Inhibit и поврзување на кутијата на делителот.

Volvo I-shift upgrade smart cruise control global

Паметен темпомат

Ја оптимизира брзината на крстарење и го ограничува ефектот на помошните сопирачки кога тоа го дозволуваат условите во сообраќајот - на пример на благи надолнини.

Volvo I-shift upgrade iroll global

I-Roll

Функција за слободно движење во лер што штеди гориво. I-Roll се користи кога не е потребна моќност од моторот, ниту моторно сопирање - како при возење на рамни патишта.

Volvo I-shift upgrade launch control global

Контрола на поаѓањето

Работи заедно со EBS и автоматски ги активира функциите на сопирачките што го помагаат тргнувањето и маневрирањето на тесни места.

Контактирајте со нас

Контактирајте со локалниот дилер на Volvo Trucks за да ги истражите целосните спецификации и деталите за целата понуда.