Камиони

Dynafleet

Прецизност во вашите одлуки – Dynafleet е токму за тоа. Во секое време можете да ја видите точната локација и статус на вашите возачи, камиони и средства – како и да добиете квалитетни податоци за планирање однапред и анализа на вашето работење. Уште подобро, Dynafleet ви покажува на кои области да се фокусирате. Подготвени сте да почнете?

Услуги Dynafleet
 

Опсегот од услуги Dynafleet може да се активира во која било комбинација. Секоја услуга е достапна за фиксен месечен надомест, вклучувајќи меѓународна роаминг комуникација. Пристапот е возможен преку Volvo Connect, интерфејсот за сите ваши дигитални услуги, на кој било уред.

Интеграција со системот

За поголема флексибилност, можете да ги интегрирате Volvo Connect и услугите Dynafleet во вашата постојна информатичка инфраструктура. Ова значи дека вашите податоци за возниот парк може да се користат за подобрување на други апликации од трети страни, од закажување до платен список – донесувајќи ново ниво на ефикасност во управувањето со вашиот возен парк.

Хостинг за картичка на компанијата

Прашајте го вашиот локален дилер за вашата картичка на компанијата преку интернет. Таа е безбеден начин за складирање и далечинско преземање на податоци од тахограф, за да можете удобно да ја следите активноста на возачот, како што се бара со законите.

Совршен пакет

Локалниот дилер на Volvo Trucks може да ви помогне да го најдете пакетот на Dynafleet кој најмногу ви одговара вам и на вашиот бизнис.