Без оглед дали возите ваш камион или управувате со возен парк од камиони, сега можете да ги поврзете критичните аспекти на вашиот бизнис на целосно нови начини. На едно место, со едно најавување и еден преглед. Volvo Connect е интерфејсот за вашите дигитални услуги. Сметајте го како ваш дигитален дом за попрофитабилни транспортни операции.
Вашите камиони, активности, дури и вашите увиди - сè во еден дигитален интерфејс. Преку складирање на сите бизнис-активности на едно место, Volvo Connect заштедува време, елиминира грижи и ви овозможува поголемо разбирање на работите кои се важни. Ви помага да се подготвите, да планирате и постојано да се подобрувате. На овој начин, можете да ги подигнете времето во возна состојба, ефикасноста и продуктивноста на повисоко ниво.
Volvo Connect е дизајниран да ви даде моќ. Ви дава пристап до водечките индустриски услуги без разлика кога, каде и како ви се потребни. Толку е едноставно.
Чист и интуитивен интерфејс лесен за навигација. Веднаш штом ќе се најавите, ќе добиете преглед на информациите и услугите што ви се најважни. И можете да видите подетални информации со само еден клик или два. Флексибилен и прилагодлив, Volvo Connect може да биде прилагоден на вашите потреби и преференции. Се зависи од вас.