Камиони

Човек кој држи таблет стои покрај прозорецот и гледа надолу кон возниот парк од камиони

Управување со возниот парк

 

Бидете пред сите со помош на нашите поврзани услуги скроени по мерка. Со помош на податоците за вашиот камион и возен парк, ќе можете да ја намалите документацијата, да го подобрите протокот на информации и да ја оптимизирате целата ваша работа.
 

Можностите се бесконечни. Ќе ви биде полесно да управувате со вашиот возен парк и превозот. Заштедете гориво. Следете го здравјето на вашите камиони. И многу повеќе. Плус, сето тоа можете да го направите во рамките на Volvo Connect, интерфејсот за вашите дигитални услуги. Тоа помага за поефикасно и профитабилно секојдневно работење – и спокој за да можете да се фокусирате на она што е навистина важно: грижењето за вашите клиенти.

Зошто услуги за управување со возен парк

  • Подобрете го протокот на информации
  • Максимизирајте го времето во возна состојба
  • Заштедете гориво
  • Максимизирајте ја носивоста и километражата
  • Намалете ја документацијата
  • Останете конкурентни 

Volvo Connect

Без оглед дали возите ваш камион или управувате со возен парк од камиони, сега можете да ги поврзете критичните аспекти на вашиот бизнис на целосно нови начини. На едно место, со едно најавување и еден преглед. Volvo Connect е интерфејсот за вашите дигитални услуги. Сметајте го како ваш дигитален дом за попрофитабилни транспортни операции.

Истакнати услуги

Информации за средствата

Имајте непосреден преглед на целиот возен парк и проверувајте го статусот на секое средство во реално време – со еден клик. Функциите вклучуваат компилација на сите камиони и приколки и нивниот статус; информации за законските инспекции (каде што има); следење на притисокот во гумите, тревоги, предупредувања и известувања за различни случки; како и можност за додавање на функционалност, како преземање на податоци од тахограф.

Апликација Volvo Connect

Моќта на Volvo Connect на дланка. Имајте пристап до моќните алатки за аналитика, информациите за средствата и времињата на возачот; управувајте со повеќе возни паркови и испраќајте инстант пораки – сето тоа преку контролна табла којашто е интуитивна и лесна за употреба.

Историја на сервисната работилница

Историјата на работилницата е брз и лесен начин да ги следите завршените посети на работилницата. Пребарувајте според датум, договор, дилер, фактура или гаранција за да пронајдете детали за сработеното и причината за посетата.

Дневник

Намалете ја вашата документација и насочете го вашиот работен тек. Дневникот им овозможува на возачите дигитално да ги пријавуваат сите проблеми поврзани со камионите, приколките и другите средства, со што управителот на возниот парк ќе може веднаш да ги прегледа и да управува со нив. Извештаите може да се прегледуваат според итноста, а возачите исто така можат да видат дали веќе е заведен проблемот за да се спречи двојно пријавување.

Комуникација со возен парк

Користете ја вградената функционалност во Volvo Connect за разговори помеѓу корисниците, вклучително и возачите што ја користат апликацијата Volvo Connect. Во вашите инстант пораки можете дури и да прикачите информации за локацијата, слики и датотеки.

Пристап до податоци

Со пристапот до податоците, можете да споделувате информации од вашите камиони Volvo со други системи за управување со возен парк. Ова ви дава флексибилност за ефикасна работа во поглед на управувањето со возниот парк, без оглед на платформата.

КОНТАКТИРАЈТЕ СО ВАШИОТ ДИЛЕР

Вашиот локален дилер на Volvo Trucks е тука да помогне, од наоѓањето на вистинскиот дел до поправка или сервисирање на вашиот камион. Јавете се – или уште подобро посетете нè.