Секој возач знае дека товарањето е важно. Лошото позиционирање и безбедност може да значат незгоди, оштетена стока, казни или кражби. А тоа влијае врз задоволството на клиентите, а според тоа и врз профитабилноста.
Нашиот курс за безбеден транспорт се темели на долгогодишно истражување на Volvo за безбедноста за да ви помогне да го отстраните ризикот од товарањето. Ќе ги погледнеме силите што дејствуваат во возило што се движи, различните видови опрема за обезбедување товари и ракување со стоки, како и прописите што секој возач треба да ги знае. Исто така, ќе заминете со стратегии за заштита од кражба.