Камиони

Ефикасно возење

Малите промени во тоа како го планирате возењето, како го користите вашиот камион и сопирачките, можат да направат голема разлика во ефикасноста и профитабилноста.

Нашиот курс за ефикасно возење ви покажува како да добиете максимум од вашиот камион. Ја комбинираме најновата теорија со практична анализа и инструкции, сето тоа скроено за вашите транспортни операции. Ќе ја намалите потрошувачката на гориво до 10%, така што тоа може да биде една од најдобрите инвестиции што ќе ги направите оваа година.

Материјали за курсот
 

  • Како вашето однесување при возење влијае врз потрошувачката на гориво
  • Теоријата за безбедно возење со ефикасна потрошувачка на горивото
  • Вовед за одликите на возилото и техниките на возење
  • Проценка на вашата техника на возење, проследена со инструкции 
  • Како вашата техника на возење влијае врз животната средина

Придобивки од курсот
 

  • Помалку гориво, AdBlue и трошоци за одржување
  • Намален стрес и замор
  • Подобро искористување на вашето возило
  • Зголемена безбедност
  • Помал ризик од повреди и оштетување на возилото
  • Намалено влијание врз животната средина

Детали за курсот
 

  • Часови за CPC
  • Метод на обука
  • Цена на курсот
  • Референци за курсот

Станете поефикасен возач

За да ги откриете времето и локацијата на нашиот следен курс и за да закажете курс, контактирајте со локалниот дилер на Volvo Trucks.