Камиони

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ

Известување за личните податоци

Ова известување дава информации за обработката на вашите лични податоци од страна на VOLVO.

Компанијата која ве вработува („VOLVO“) е контролор на личните податоци што VOLVO ги добива од вас и другите извори опишани подолу. Контролор значи дека VOLVO е тој што одлучува за намената и начинот на обработка на вашите лични податоци. VOLVO е одговорен за обработката на вашите лични податоци според применливите закони и регулативи за заштита на податоците. Обработката на вашите лични податоци од страна на VOLVO е неопходна во поглед на вашето вработување во VOLVO. Доколку имате прашања во врска со обработката на вашите лични податоци, контактирајте го службеникот на VOLVO одговорен за заштита на податоците.

VOLVO може да ги обработува следниве категории лични податоци. Имајте предвид дека VOLVO може да не ги обработува сите лични податоци наведени подолу. Имајте предвид дека примерите дадени под секоја категорија не опфаќаат сѐ.

Индивидуални податоци, како име, датум на раѓање, матичен број (или еквивалент на тоа), пол, националност, претпочитан јазик, брачна состојба, фотографија

Организациски податоци, како број на вработен, опис на работата, положбата, работно место, деловна единица, оддел, менаџер, директни извештаи

Податоци за контакт, како адреса на работното место, домашна адреса, адреса на е-пошта, телефонски број

Податоци за плата и придонеси, како плата, прегледи на плата, даночни одбитоци, пензиски информации, детали за банкарската сметка

Административни податоци за вработувањето, како договор за вработување и други договори помеѓу вас и VOLVO, апликации или други форми што се однесуваат, на пример, на породилно боледување, информации за датумот на вработување и датумот на прекин

Временски податоци, како работно време, изработено време, одмор, отсуства (породилно боледување, боледување и сл.)

Податоци за членство во синдикат, ако се применливи и релевантни

Безбедносни податоци, како картички за пристап, права на пристап и нивно користење

Здравствени и безбедносни податоци, како информации за боледување, планови за рехабилитација, инциденти поврзани со работата, здравствени прегледи

Податоци за производство/поправка/сервис, како следење и запишување на активностите што сте ги презеле вие во врска со производството, одржувањето, поправката или сервисот на возилата

Податоци за изведбата и процената, како процени и дисциплински записи, доколку постојат

Податоци за компетентноста, како записи за едукацијата или обуката

Административни податоци за патувања, како информации за деловни патувања, детали за резервации, број на пасош, број на кредитната картичка на компанијата, патни фактури и одобрени трошоци

Податоци за помош и поддршка, како прашања од вас/вашиот менаџер/одделот за човечки ресурси што се однесуваат на вашето вработување или ИТ-опрема или поддршка што ви е дадена во однос на истото

Податоци поврзани со ИТ, како корисничка идентификација, лозинки, детали за најава, како и податоци и записи за вашето користење на ИТ-опремата, апликациите или услугите на VOLVO, согласно ИТ-политиките на VOLVO, како што е применливо одвреме-навреме

Посебно е истакнато дека податоците за членство во синдикат и некои аспекти од здравствените и безбедносните податоци се сметаат за чувствителни податоци согласно важечкиот закон за заштита на податоците и со нив ќе се ракува со особено внимание. Посебно е истакнато дека чувствителните податоци мора да се обработуваат само во случај на законска обврска, овластена со договор за колективно договарање и/или изречна согласност.

Исто така, имајте предвид дека одредени податоци создадени за возилото (на пример, број на возило/шасија, сигнали итн.) се создаваат автоматски кога ќе користите производ во сопственост на Volvo, на пример, камион. Сепак, VOLVO не ги користи таквите податоци освен ако користењето не е поврзано со тестирачки активности, решавање проблеми со квалитетот или за развојни цели на производот. Имајте предвид дека овој дел не се однесува на компаниски автомобили.

VOLVO може да обработува и ограничено количество лични податоци (име и детали за контакт) на лица што сте ги назначиле вие како лица за контакт од страна на VOLVO во итен случај. Во некои земји, може да се обработуваат податоци за семејството за одредени цели што се однесуваат на бенефиции и/или барања согласно законот за вработување.

VOLVO ќе ги обработува вашите лични податоци врз основа на која било од следниве правни основи, видите ги и понатамошните детали.

Правни обврски. На пример, VOLVO може да е обврзан со закон да го пријави вашиот приход во даночната установа.

Договорни обврски. На пример, VOLVO мора да ги обработува вашите лични податоци за да може да ја плати вашата плата согласно договорот.

Легитимен интерес. Легитимниот интерес на VOLVO е да управува со своите секојдневни операции, да ги обезбеди своите локации и опрема и да одржува внатрешна контрола. За да ја основа обработката на личните податоци на база на легитимен интерес, VOLVO го проценува секој случај посебно. На пример, VOLVO треба да обработува одредени лични податоци за да овозможи администрација на вашите патувања поврзани со бизнисот при што легитимниот интерес на VOLVO е да управува со своите секојдневни операции; или VOLVO треба да обработува одредени лични податоци за да ја прегледува состојбата на својата ИТ-опрема при што легитимниот интерес на VOLVO е да ја обезбеди опремата.

Во исклучителни случаи и кога не може да се применат други правни основи, VOLVO може да побара ваша изречна согласност за обработка на вашите лични податоци.

VOLVO ќе ги обработува вашите лични податоци, како што е претставено во примерот погоре, за општите цели наведени подолу. Имајте предвид дека примерите дадени под секоја цел не опфаќаат сѐ.

Администрација (нормално базирана на договорна обврска и/или легитимен интерес)

Овозможување да се регистрирате на системите на VOLVO и општа администрација на вашето вработување во VOLVO

Овозможување правилно користење на лиценцата

Овозможување на одржувањето ажурен организациски графикон и запис на вработените, вклучително производство на внатрешни извештаи и статистика

Овозможување исплата на плати, пензиско и друго осигурување за вас, вклучително производство на внатрешни извештаи и статистика

Овозможување последователна контрола на проектите

Пријавување (нормално базирано на законска обврска и/или легитимен интерес)

Овозможување пријавување кај овластените установи, како што се бара според закон, како на пример, даночната агенција

Овозможување следење на вашето работно време/отсуства/одмори со цел исплата, како и фактурирање

Барања согласно законот за вработување (нормално базирано на законска обврска)

Овозможување исполнување на обврските на VOLVO согласно договорите за колективна спогодба со синдикатите или согласно законот за вработување

Безбедност на работната средина и производите (нормално базирано на законска обврска и/или легитимен интерес)

Овозможување исполнување на обврските на VOLVO да обезбеди безбедна работна средина (вклучително контрола и спречување неовластен пристап до објектите или опремата на VOLVO) и други обврски за работната средина како што се одредени со законите за работна средина или вработување

Овозможување исполнување на обврските на VOLVO поврзани со безбедноста и квалитетот на производите

Развој на вработените (нормално базиран на законска и/или договорна обврска и/или легитимен интерес)

Овозможување активности што се однесуваат на развој/подобрување на способноста, како и оценки и процени на работата

Овозможување и предложување активности за едукација и обука

Активности поврзани со работата на вработените (нормално базирани на законска и/или договорна обврска и/или легитимен интерес)

Овозможување на изведувањето на вашите работни задачи, како пишување е-пораки, воспоставување документи, извештаи, презентации, цртежи итн.

Овозможување деловни патувања

Овозможување одговарање прашања од вас/вашиот менаџер/одделот за човечки ресурси што се однесуваат на вашето вработување или ИТ-опремата/услугите или обезбедување поддршка што е неопходна за изведување на вашите работни задачи

Овозможување последователна контрола на политиките на VOLVO, вклучително Кодексот на однесување на Групацијата Volvo и ИТ-политиките на Volvo, како што е повремено применливо, за да се осигури дека таквите политики се почитуваат и да се истражат забранети активности под сомнение

Истражување и развој и решавање проблеми со квалитетот (нормално базирани на легитимен интерес)

Овозможување активности за истражување и развој поврзани со производите на Volvo (на пр. камиони), што вклучуваат користење податоци за возилото што се создаваат кога користите производ во сопственост на Volvo (видете погоре)

Овозможување решавање проблеми со квалитетот поврзани со производите на Volvo (на пр. камиони), што вклучуваат користење податоци за возилото кога користите производ во сопственост на Volvo (видете погоре)

VOLVO примарно ќе ги добие личните податоци од вас, вашиот менаџер или одделот за човечки ресурси или од трета страна на којашто сте нѐ упатиле да ги преземеме вашите лични податоци. Некои лични податоци може да се генерираат автоматски од ИТ-системот на VOLVO, или еквивалентно, кога ќе создадете кориснички идентитет во системите на VOLVO.

VOLVO нормално нема да ги споделува вашите лични податоци со никого надвор од Групацијата VOLVO, освен ако тоа не се бара согласно законот, прописите или договорот за колективна спогодба. Сепак, VOLVO може, доколку е потребно за да ја исполни целта за обработка на личните податоци, да ги сподели вашите лични податоци со друга компанија од Групацијата Volvo вклучително и со компании надвор од ЕУ/ЕЕО. Volvo исто така може, доколку е потребно за да ја исполни целта за обработка на личните податоци, да ги сподели вашите лични податоци со снабдувачи на трети страни, вклучително и снабдувачи надвор од ЕУ/ЕЕО. Во сите случаи, VOLVO ќе ги користи сите напори за да се задоволи дека ќе биде поставена соодветна заштита која обезбедува соодветни нивоа на заштита на вашите лични податоци како што бараат применливите закони за заштита на податоците. На пример, ова може да опфаќа повремено користење договори за обработка на податоците помеѓу компаниите или надворешна обработка врз основа на Стандардните договорни закони одобрени од ЕУ или Заштитата на приватноста на ЕУ-САД или други слични механизми што се признаени или одобрени од релевантните авторитети. Доколку имате прашања во врска со преносот, контактирајте го службеникот на VOLVO одговорен за заштита на податоците.

VOLVO нормално ќе ги чува вашите лични податоци додека трае вработувањето. Откако ќе заврши вашето вработување, VOLVO ќе ги задржи само оние лични податоци што се сметаат за неопходни за исполнување на целите за коишто биле собрани и само додека таквата цел не се исполни или, во случај тоа да е подоцна, за времето потребно да се испочитуваат локалните законски, даночни или осигурителни обврски или да се задоволат кои било законски барања во случај на вистински, споменат или очекуван спор или побарување

Имате право да барате пристап до вашите лични податоци. Исто така, имате право да барате VOLVO да ги исправи или избрише вашите лични податоци или да ја ограничи нивната обработката. Исто така, можете да приговарате на обработката на вашите податоци од страна на VOLVO или да барате преносливост на податоците. Меѓутоа, имајте предвид дека VOLVO не мора секогаш да биде обврзан да го почитува барањето за бришење, ограничување, приговор или преносливост на податоците. Ќе се врши проценка од случај до случај на законските обврски на VOLVO и исклучоците од таквите права.

Повеќе информации за Правата на субјектот на податоци