Камиони

ПРАВА НА СУБЈЕКТОТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Вашите права за заштита на податоците

Имате право да барате пристап до вашите лични податоци. Исто така, имате право да барате VOLVO да ги исправи или избрише вашите лични податоци или да ја ограничи нивната обработката. Исто така, можете да приговарате на обработката на вашите податоци од страна на VOLVO или да барате преносливост на податоците. Меѓутоа, имајте предвид дека VOLVO не мора секогаш да биде обврзан да го почитува барањето за бришење, ограничување, приговор или преносливост на податоците. Ќе се врши проценка од случај до случај на законските обврски на VOLVO и исклучоците од таквите права.

Имајте предвид дека за барањата за исправка поврзани со обична измена/ажурирање на податоците во Одделот за човечки ресурси, како што се измена на името/имињата поради стапување во брак или измена на домашната адреса поради преселба, треба да ги следите вообичаените процедури за ажурирање на податоците во Одделот за човечки ресурси. Информациите за важечките процедури може да ги најдете во Центарот за вработени на Violin. Може да се поврзете и со Услугите за човечки ресурси или вашиот менаџер за поддршка.

За да искористите некое од вашите права, пополнете го формуларот долу.

Кога ќе го пополните формуларот, испратете го по пошта или електронска пошта до канцеларијата за заштита на податоците (GPO Office). Не заборавајте да ги приложите документите кои го потврдуваат вашиот идентитет.

Адреса за испраќање на вашето барање:

  • Е-пошта: gpo.office@volvo.com
  • Пошта
         -  AB Volvo
         -  Att: Group Privacy Office, Dept AA14100, VGHQ,
         -  SE-405 08 Göteborg, Шведска

За прашања поврзани со поднесување барање, јавете се во канцеларијата за заштита на податоците (GPO Office) преку:

ПОБАРАЈТЕ ОБРАЗЕЦ