Камиони

Lars Mårtensson
2022-04-27
3 минути
Електромобилност
Author
Lars Mårtensson
Environment and Innovation Director at Volvo Trucks

Пресметување на вистинското влијание на камионот врз климата

Изборот за најодржливото возило за вашата примена не е секогаш едноставен, но може да биде многу поедноставен со проценка на животниот циклус. Тоа е затоа што така се отсликува целокупната слика со која се зема предвид влијанието врз животната средина во текот на животниот век на возилото.

Еколошкото влијание на возилото не е ограничено само на горивото што го троши - тоа опфаќа низа други фактори, од екстракција на суровините што се користат во неговото производство, па се до неговото конечно деактивирање. Само откако ќе направите проценка на животниот циклус (LCA) можете да го видите целосното влијание на возилото врз климата.
 

Ставање на емисиите во контекст

Добар пример што илустрира колку е важна проценката на животниот циклус е неодамнешната загриженост за влијанието на литиум-јонските батерии врз животната средина. Процесот на производство на ќелиите на батериите е многу енергетски интензивен и како резултат на тоа, климатското влијание од производството на електрично возило е значително поголемо од неговиот еквивалент на дизел.

Меѓутоа, во контекст на целосна проценка на животниот циклус, разликата помеѓу двете е занемарлива. Особено за дизел возилата кои испуштаат многу повеќе емисии на CO2 кога влегуваат во употреба. Ако електричниот камион работи на електрична енергија произведена од обновливи извори, тогаш неговото влијание врз климата се смалува од тоа на камионот со дизел по само една година.

 

Прилагодување на промените во светот

Многу од варијаблите кои влегуваат во проценката на животниот циклус постојано се менуваат. Постојат стимулации со кои производството на батериски ќелии може да биде помалку интензивно во поглед на емисиите на јаглерод, како и разни иницијативи за давање втор живот на батериите. Сите овие имаат потенцијал да влијаат на целокупното влијание на електричниот камион врз животната средина.

Изворот на енергија е значаен фактор во проценката на животниот циклус на возилото. На пример, влијанието врз климата на електричниот камион значително се разликува ако работи на електрична енергија произведена од јаглен, за разлика од обновливите извори на гориво како што се хидро, соларна или ветерна енергија.

Проценката на животниот циклус на електричен камион напојуван од електрична енергија од обновливи извори покажува многу ниско влијание врз климата.

Поради оваа причина, трансформацијата на транспортниот сектор е голем дел од енергетската трансформација. Како што обновливите горива стануваат достапни во многу поголема нера, сè повеќе луѓе ќе можат да ги максимизираат климатските придобивки од електричните камиони. А во иднина и од камионите на водород исто така.

За да помогне да се создаде јасност и да се добијат насоки по ова прашање,калкулаторот за еколошкото влијание на Volvo Trucks е достапен на интернет. Првично, ја користевме алаткава и знаењето за да ни помогне да поставиме цели и стратегии за развој на нови камиони. Сè уште е така, но сега сакаме да ја споделиме алатката за да им помогнеме на клиентите да одберат алтернативи и технологии што им се достапни за да можат да го најдат најдоброто решение што ќе им одговара.

На крајот на краиштата, проценката на животниот циклус е континуиран процес и еден од најважните фактори се уникатните околности и потреби на клиентот. Ако биогасот ви е лесно достапен, тогаш камионот на гас може да биде одлично решение, но ако имате пристап до капацитети за полнење со обновлива електрична енергија, тогаш најдобро би било електричен камион со батерии. Со нашиот калкулатор, можете да споредувате и да ги видите подобрувањата и чекорите што можете да ги преземете со текот на времето.


Испробајте го калкулаторот за влијанието врз животната средина на Volvo Trucks

Поврзани вести

Latest Press Release

Latest Press Release