Камиони

Македонија

×

Пресметајте колкави траги оставате во животната средина

Грижата за животната средина е една од нашите основни вредности и сакаме да ви помогнеме да го направите вистинскиот избор давајќи ви сеопфатен поглед на вашето влијание врз животната средина. Со гордост ви ги претставуваме фактите за влијанието на целосниот животен циклус и вака ја преземаме нашата одговорност.

Зошто треба да го пресметам влијанието по животната средина?


Ако барате одржлив транспорт, веројатно знаете дека вкупното влијание на вашите камиони по животната средина не е ограничено само на емисиите на CO2 што произлегуваат од користењето. Туку треба да вклучите сè, од екстракцијата на суровините и другите ресурси што се користат во производството, до емисиите од рециклирање.


Користете го калкулаторот кога го планирате вашиот иден возен парк. Ќе добиете сеопфатен поглед на тоа како со вашиот избор може да го промените вашето влијание врз животната средина и лесно можете да ги споредите алтернативите што ви се достапни. Погледнете како електричниот камион Volvo се споредува со камиони на гасен погон или на дизел – врз основа на вашата километража и енергетска мешавина. Ако вашите клиенти се грижат за одржливоста, калкулаторот може да даде јасен показател за тоа како вашите камиони можат да го намалат своето влијание по животната средина на минимум во синџирот на транспорт. Така можете и да привлечете повеќе договори.

Влијанието се анализира во три области

Производство

Ваквата пресметка го зема предвид целокупното производство, вклучувајќи го и вадењето на суровините, превозот на материјалите и деловите, како и склопувањето.

Користење

Овој дел го опфаќа влијанието што сервисниот век на камионот го има врз животната средина, вклучувајќи го производството на горивата, потрошувачката на гориво и сервисирањето.

Крај на животниот циклус

Пресметкиве ги вклучуваат емисиите од рециклирањето, отпадот и кредитите за рециклирање

Volvo Trucks се гордее што може да тврди дека ги има фактите за влијанието на целиот животен циклус. Така може да ја преземеме одговорноста.

Како ги правиме нашите пресметки

Целта на калкулаторот е да ви помогне да ги пресметате емисиите на CO2 на вашиот камион. Пресметките се базираат на опсежно истражување и тестирање на камиони. Спроведени се проценки на животниот циклус и тие ја формираат основата. Го вклучуваат производството на материјалите, од екстракцијата на сурови материјали до производството на деловите што се користат во погоните на добавувачите и во нашите производствени погони во Европа.

Одржувањето вклучува и работи како рециклирање материјали, транспорт помеѓу постројки, производство на гориво и емисии од издувните цевки. Во фазата на исфрлање од употреба, даваме кредит за да се избегне производството на нов метал за следниот производ.

Имате прашање?

Локалниот дилер на Volvo Trucks ќе го има одговорот. Наминете, јавете се или побарајте да ве посетат.