Камиони

Michael Gudmunds
2022-05-27
4 минути
Електромобилност
Author
Michael Gudmunds
Energy Storage System Strategy Director

Како доброто планирање може да му помогне на електричниот камион да продолжи понатаму

Кога инвестирате во електрични камиони, од суштинско значење е да ги планирате вашите маршрути и операции. Ако се направи ефикасно, ова може да помогне да се направи непречена транзиција и да се прошири опсегот на електричниот камион.

Електричните камиони нудат многу предности – имено почист, потивок транспорт со помали емисии и помали вибрации, што не само што е добро за животната средина, туку и создава поудобно работно место за возачот. Електричниот камион го испорачува сето ова, давајќи ја истата моќ и возење како дизел камионот. Меѓутоа, постојат некои ограничувања, како што се ограничен капацитет на батеријата и потребата да се планира времето на полнење. Но, доброто планирање на маршрутата може да помогне да се ублажат, па дури и да се надминат некои од овие предизвици.

Првиот чекор
е да ги процените вашите моментални маршрути и потреби. Колку се тешки товарите што ги носите, до каде треба да се возат, каква е топографијата на секоја маршрута? Сите овие фактори влијаат на тоа колку енергија ќе ви треба и до каде можете да патувате.
 

Вториот чекор е да се пресмета кога и каде ќе ви треба повеќе енергија и какви можности има за полнење.

Време и место: Планирање за полнење

Секогаш се препорачува полнење преку ноќ каде што е можно, бидејќи ова е најисплатливиот начин за полнење на возилото и значи дека денот ќе го започнете целосно наполнет. Ако управувате со маршрута со кратки до средни растојанија и средни потреби за енергија – како на пр., собирање отпад или дистрибуција – тогаш може да биде доволно едно полнење преку ноќ.

За подолги маршрути, треба да одредите во кој момент батеријата на вашето возило е веројатно да се испразни, а потоа да поставите застанување за полнење во планот на маршрутата. Ова може да вклучи инсталирање брз полнач на една од вашите локации или користење јавен полнач, кои сѐ повеќе ги има на многу пазари.

За да се минимизира изгубеното време, најдобри времиња за полнење се кога возилото е веќе во мирување, како што се товарање и истоварање или кога возачот има пауза. Брз полнач може целосно да го наполни камионот за само 90 минути, но можно е и многу пократко застанување за полнење да обезбеди доволно енергија за да се заврши маршрутата.

Наоѓањето на оптималниот план на маршрутата може да вклучува потреба да ги преуредите вашите застанувања, така што возилата ќе стигнат до станицата за полнење кога батеријата е блиску до празнење или кога на возачот му треба одреден одмор.


Паметното планирање создава нови можности

Со стратешки поставени полначи, електричен камион може да помине многу подолги растојанија. Ова е полесно да се постигне кога возилото работи на фиксна маршрута. На пример, инсталирањето брз полнач на лице место на градилиште ќе му овозможи на електричниот камион да работи деноноќно.

Електричните возила може да се користат за регионален транспорт. Ова веќе се прави денес со камиони со бруто комбинирана тежина до 60 тони, а тоа е овозможено со инсталирање брзи полначи на двата краја на маршрутата.


Префрлувањето на електрична енергија ќе биде сѐ полесно

Како што капацитетот на литиум-јонските батерии продолжува да се подобрува, така ќе се подобрува и опсегот на електрични камиони, што пак ќе им овозможи да покриваат повеќе правци. Бројот на јавни станици за полнење исто така брзо расте и се очекува да расте уште побрзо бидејќи се повеќе влади нудат стимулации и субвенции за инвестирање во електричен транспорт.

Сите овие трендови ќе значат поголема флексибилност и леснотија кога станува збор за планирање на маршрутата и ќе им овозможат на електричните камиони да покриваат сè повеќе правци. Тоа е дел од причината поради која бројот на електричните камиони се очекува брзо да расте во наредните години. Но, со постоечката технологија и инфраструктура, електричните камиони веќе имаат многу да понудат доколку го имате вистинскиот план.

 

Дали сте заинтересирани да додадете електрични камиони во вашиот возен парк? Најдете повеќе информации овде.

Поврзани написи

Latest Press Release

Latest Press Release