Камиони

Henrik Engdahl
2022-11-25
Електромобилност
Author
Henrik Engdahl
Customer Charging Manager

Како електричните камиони со долг опсег веќе можат да покријат голем дел од денешните транспортни потреби

Со сегашните ограничувања на опсегот на електричните камиони, многумина брзо ги отфрлаат како остварлива опција за подолги растојанија. А сепак, околу 45 отсто од стоките што се транспортираат во Европа денес патуваат помали растојанија од ова, што сугерира дека електричните камиони со долг опсег се способни за многу повеќе отколку што мислат луѓето.

Првично е лесно е да се види зошто луѓето можеби се скептични во врска со користењето електрични камиони на подолги растојанија. Ако камионот поминува до 600 km дневно, логично е дека не може да се замени со возило со максимален опсег од 300 km. Сепак, ако подетално се погледне на денешните логистички мрежи, се покажува дека всушност веќе постојат многу можности за користење на електрични камиони за подолги задачи со користење на тековните технологии.

 

Зошто опсегот на километражата на електричниот камион може да биде подолг отколку што мислите

Според статистичките податоци на Eurostat, околу 45 проценти од сите стоки што се транспортираат на патиштата во Европа патуваат помалку од 300 km. Ова сугерира дека со паметно планирање и распоред на маршрутите, можно е да се транспортираат голем дел од овие стоки со електрични камиони. Неодамнешното истражување на Volvo Trucks исто така покажа дека 45 проценти од камионите што се користат во Европа поминуваат дневни растојанија помали од 350 километри. На меѓународно ниво, 33 проценти од камионите поминуваат дневни растојанија од 500 километри или помалку.
 

„Голем дел од транспортот со среден опсег може да се врши со електрични камиони уште денес“, вели Андерс Грауерс, вонреден професор по системи за хибридни и електрични возила на Универзитетот за технологија Чалмерс. „Најпредизвикувачкиот транспорт со долг опсег сè уште не е подготвен, главно поради недостаток на јавна инфраструктура за полнење, премали батерии и бавно полнење на камионите. Но, речиси е сигурно дека ќе гледаме електрични камиони на долги релации, бидејќи тие ќе бидат најисплатливото решение. Тоа е затоа што струјата е многу поевтина од дизелот."
 

Планирајте го вашето полнење и проширете го опсегот на возилото

Клучот за проширување на досегот на електричниот камион над неговата граница од 300 km е имплементација на опциите за полнење во неговиот распоред. Стратешки поставен полнач - идеално на локација и во време кога возилото сепак мора да запре - има значително влијание врз опсегот на камионот.
 

„Во Европа, возачите се законски обврзани да застанат на пауза по максимум четири и пол часа, а во реалноста типично имаат пауза по 3-4 часа. Бидејќи растојанието поминато во ова време ќе биде помало од 300 km, ако можете да најдете начин да го наполните камионот за време на паузата на возачот, тогаш тоа е навистина ефикасен начин за продолжување на опсегот на камионот без да се продолжи смената на возачот“, вели Хенрик Енгдал, Директор за развој на бизнис, Volvo Trucks.
 

Првично, најизводливите задачи за електричните камиони со долг опсег се оние што се придржуваат до истите, редовни маршрути бидејќи така камионите можат да застануваат на истите места. На пример, со две стратешки поставени станици за полнење, DHL Freight моментално користи електрични камиони за транспорт на стоки помеѓу Гетеборг и Јонкопинг, Шведска - на растојание од 150 km - при што камионите носат до 60 тони бруто комбинирана тежина и поминуваат 450 км дневно.
 

Исто така, во Шведска новата јавна станица за полнење на тешки камиони изградена во застапништвото на Volvo Trucks во Хелсингборг, ќе им овозможи на електричните камиони да завршат две повратни патувања меѓу градовите Гетеборг и Малме - растојание од 270 км. Според предложената маршрута, целосно наполнет камион може да вози од пристаништето во Гетеборг до Малме, да ја остави својата приколка и сепак да има доволно енергија да стигне до станицата за полнење во Хелсингборг (северно од Малме и на пат назад до Гетеборг). Потоа ќе бидат потребни 90 минути за полнење, што се совпаѓа со паузата на возачот, пред да може да се врати во Гетеборг. Сето ова - вклучувајќи ја и паузата на возачот - може да се заврши во осумчасовна смена, пред втор возач да го преземе возилото и да направи дополнително повратно патување истиот ден.
 

„Камионот што се потпира на едно полнење преку ноќ, ќе биде ограничен да работи во радиус од 120 км од домашното складиште, за да има безбедна маргина за враќање пред да се испразни батеријата“, објаснува Хенрик. „Но, имањето пристап и до само една дополнителна станица за полнење може значително да ја прошири вашата работна област и да ви овозможи да возите уште повеќе“.

Much of the medium range transport can be carried out by electric trucks already today. It's almost certain that we will see electric long-haul trucks, because they will be the most cost-effective solution.

Повеќе станици за полнење, повеќе можности за зголемување на досегот

Многу земји веќе имаат спроведуваат големи инвестиции за да обезбедат брз раст на јавните станици за полнење на електрични камиони со долг опсег во наредните години. На пример, во Германија, во проектот HoLa ќе се градат нови станици за полнење на тешки камиони на четири локации на автопатот А2 помеѓу Берлин и регионот Рур.
 

Во Шведска, владата ја финансира изградбата на повеќе од 100 станици за полнење за тешки камиони што треба да бидат завршени до 2023 година. Кога планираната мрежа ќе биде завршена, таа ќе овозможи електрични камиони да работат низ целата земја.
 

Долгорочно, Volvo Trucks е дел од заеднички потфат со кој се планира да се инсталира и да се управува со најмалку 1.700 станици за полнење во близина на автопатите и логистичките центри низ Европа. По собирањето и анализата на GPS-координатите од околу 400.000 камиони кои работат низ Европа, ACEA (Европската асоцијација на производители на автомобили) идентификуваше над 40.000 локации погодни за станици за полнење, кои би поддржувале создавање мрежа на ниво на ЕУ.
 

Со отворањето на секоја нова станица за полнење, можностите за користење на електрични камиони кои веќе се во функција експоненцијално ќе растат. Во следните години, капацитетот на батериите и опсегот на возилата исто така се очекува да се подобрат, но дури и со користење на технологиите достапни денес, во земјите каде што се инвестира во јавна инфраструктура за полнење, потенцијалот е многу поголем отколку што многумина мислат.
 

„По километар, поевтино е да се полни електричен камион отколку да се купи гориво за дизел камион“, вели Андерс Грауерс. „Генерално, цената на струјата е само околу четвртина од цената на дизелот. Значи струјата и да се удвои, сепак би била поевтина од дизелот. Тоа значи дека електричниот камион е попрофитабилен колку повеќе се вози, па затоа треба да започнете со електрификација на камионите што се возат многу.“
 

Слушнете повеќе од вонреден професор Андерс Грауерс и како тој ја гледа иднината на електричните камиони и транспортот со долг опсег, вклучувајќи:

●      Кои примени за долг опсег најверојатно ќе бидат први електрифицирани.

●      Зошто поскапувањето на електричната енергија веројатно нема да ја забави транзицијата кон електрификација.

●      Зошто јавната инфраструктура за полнење на електрични камиони ќе биде толку важна.

Погледнете го целосното интервју

Поврзани сознанија

Latest Press Release

Latest Press Release