Камиони

Зошто ЕУ дозволува подолги кабини за камиони – и зошто тоа е важно за вашиот бизнис

Tomas Thuresson
2024-01-23
Технологија и иновации Ефикасно искористување на горивото Безбедност Светот на возачите
Author
Tomas Thuresson
Commercialization Manager New Offer

Подобрување на ефикасноста при потрошувачката на гориво, аеродинамичноста и удобноста на возачот. Тоа беа главните причини зад одлуката да се дозволат подолги камионски кабини на европските патишта. Регулативите се усогласени со климатските цели на ЕУ и може да имаат значителни импликации врз бизнисите со камионски транспорт.

 

Дизајните на камионите во Европа претежно останаа непроменети повеќе децении, со кабина со краток преден дел за да се сведе на максимум должината на товарот. Овие кабини со краток преден дел, кои често се нарекуваат дизајни на мотор врз кабината (COE), доминираат главно поради тоа што европското законодавство ја ограничува целата должина на возилото, вклучувајќи ги приколката и тракторот. Од друга страна, во САД ограничувањата на должината важат само за приколката, објаснувајќи зошто кабините со долг преден дел доминираат на американските патишта.

 

Сепак, промените во европското законодавство воведени во 2020 година сега дозволуваат камиони со малку подолг преден дел и во Европа. Ова создава простор за промени во дизајнот што ги прават камионите поаеродинамични, побезбедни и поудобни.

 

„Го поздравуваме ова законодавство затоа што ни дава можност дополнително да ја подобриме енергетската ефикасност на кабините преку, што ќе биде од корист, како за нашите клиенти, така и за животната средина“, рече Томас Туресон, менаџер за комерцијализација за нови понуди во Volvo Trucks.

Како имаат корист животната средина и индустријата со камионски транспорт

Според новото законодавство, на производителите на камиони им е дозволено да ги прошируваат кабините на камионите без да го загрозат просторот за товарење*. Со подобрување на аеродинамичноста, се предвидува подобрениот дизајн да ја намали потрошувачката на гориво, што ќе има корист, како за животната средина, така и за оперативните трошоци во камионската индустрија. Помалата потрошувачка на гориво значи помалку емисии на CO2, што значи дека регулативата ги поддржува и климатските цели на ЕУ.

 

Д-р Фил Мартин, Раководител за безбедноста при транспортот во непрофитната консултантска куќа од Велика Британија TRL, беше силно вклучен во истражувањето што доведе до измени во европското законодавство:

 

„Подобрувањето на аеродинамичноста на камионите и агендата за декарбонизација на ЕУ првично ја поттикна потребата од ажурирани регулативи. Но, исто така беше важно да се обезбеди воведувањето на овие отстапувања за должината на кабината да не доведе до поголема штета за ранливите учесници во сообраќајот, како што се пешаците и велосипедистите. Тоа всушност се претвори во можност да се подобри безбедноста на камионите за овие ранливи учесници во сообраќајот“, рече тој.

Новото законодавство создава простор за промени во дизајнот што може да ги направи камионите поаеродинамични, побезбедни и поудобни.

Зошто подолгите кабини имаат подобрена прегледност

Па, иако тоа започна со потребата за подобра аеродинамичност, подобрената директна прегледност исто така се претвори во предност за новиот дизајн на кабината. Подолгиот преден дел на кабината му олеснува на возачот да гледа пешаци кога се движат околу предниот дел затоа што се наоѓаат малку подалеку.

 

Како новите дизајни на кабината ќе влијаат врз возачите?

Дополнително, законодавството во некои случаи може да ја подобри удобноста на возачот и, следствено, бизнисите за камионски транспорт може да бидат во можност да изберат попростран распоред. Ова може да ги подобри работните услови и да придонесе за зголемено задоволство од работата помеѓу возачите на камиони.

 

„Сè на сè, би рекол дека има голем потенцијал превозниците да станат посакуван оператор, како за нивните клиенти, така и за вработените. Со усвојување на камиони со овие подобрени дизајни на кабината, тие ќе имаат потенцијал да понудат побезбедни и еколошки возила, како и подобри работни услови. Исто така, оперативните трошоци најверојатно ќе се намалат благодарение на помалата потрошувачка на гориво, особено за операциите на долги релации, а можеби ќе има и подобри осигурителни премии поради намалувањето на инцидентите“, рече д-р Фил Мартин. 

ДИРЕКТИВА ЗА ТЕЖИНИТЕ И ДИМЕНЗИИТЕ

Заедничките правила за тешките возила во ЕУ се утврдени во Директивата на Советот 96/53/EC, популарно позната како Директива за тежините и димензиите. Директивата беше изменета последователно со Директивата (ЕУ) 2015/719ENОдлуката (ЕУ) 2019/984EN и Регулативата (ЕУ) 2019/1242EN. Измените значат дека возилата или композициите од возила може да ги надминат максималните наведени должини „под услов нивните кабини да даваат подобрени аеродинамични перформанси, енергетска ефикасност и безбедносни перформанси“. 

ИСТОРИСКИ ВРЕМЕПЛОВ

1985: ЕУ ја воведува првата директива за тежините и димензиите за комерцијални возила, со цел да ги усогласи правилата помеѓу земјите-членки.
1996: ЕУ усвојува директива со која се утврдуваат максималните димензии за определени категории комерцијални возила.
2015: ЕУ воведува директива за тежините и димензиите на камионите вклучени во меѓународниот транспорт, со цел дополнително да ги усогласи правилата и да обезбеди еднакви услови помеѓу земјите-членки.
2020: ЕУ спроведува нова легислатива што дозволува проширени кабини на камионите, нагласувајќи ги потрошувачката на гориво, удобноста на возачот и безбедноста.

Дознајте повеќе за претстојната легислатива што ќе влијае врз бизнисите за камионски транспорт тука:

Ревидирана општа регулатива за безбедност на ЕУ (GSR). Исто така, можете да прочитате повеќе за важноста на аеродинамичноста и за нејзиното влијание врз потрошувачката на гориво. Ако повеќе ве интересираат опциите за просторна кабина, гледајте го ова видео.

 

 

* Законодавството не предвидува точно ограничување на должината, туку се однесува на тродимензионален цртеж наведен во законскиот текст – пликот за тридимензионална кабина.