Камиони

Дознајте повеќе за тоа како го поддржуваме овој сегмент во интерактивната брошура за сегменти

Најсилната алка во урбаниот синџир на снабдување

ТРАНСПОРТ НА РЕГИОНАЛНИ РЕЛАЦИИ

Ризикувате многу кога ги поврзувате регионалните логистички крстосници. Времето на испорака, вашиот углед или угледот на вашите клиенти, договорите и идните задачи. Ние ви овозможуваме алатки што можат да ви помогнат да ги исполните вашите посебни барања и да ги одржувате вашите ветувања. Алатки кои треба да ви помогнат да бидете ефикасни, прецизни и предвидливи во врска со времињата на испорака, како и трошоците.

Карактеристики на Volvo Trucks за вашите операции

Истражете ги решенијата направени за да ви го олеснат животот и да ги подобрат вашите операции уште повеќе.

Прегледноста
Одлична прегледност со широките површини на прозорците и добро дизајнираните ретровизори. Можете да додадете и до осум камери – едната од нив е аголната камера кај сопатникот, позиционирана во ретровизорот од страната на сопатникот.


Volvo динамичко управување онака како што го сакате
Дали барате совршена стабилност и контрола при сите брзини во комбинација со помало напрегање на рамената? Погледнете го од поблиску Volvo динамичкото управување.

Во тек со податоците
Volvo Connect е веб-интерфејс за вашите дигитални услуги, вашиот дигитален дом за попрофитабилна транспортна операција. Ви овозможува да ги подигнете времето во возна состојба, ефикасноста и продуктивноста на повисоко ниво.

I-Shift со двојна спојка
I-Shift со двојна спојка нуди вистински непречено и динамично забрзување. Ги менува брзини во дел од секундата. 

Оптимизирано со I-See
I-See користи податоци за топографијата за да ги оптимизира брзината и менувањето на брзините на вашите рути со цел ефикасна потрошувачка на горивото. 

Камиони на гасен погон
Нашите камиони на гасен погон работат на LNG (течен природен гас), што веднаш значи намалени емисии на CO2 со задржување на истите перформанси и продуктивност. Исто така, имаат потенцијал огромно да ги намалат трошоците за гориво.

Удобни кабини
Сите наши кабини нудат високо ниво на удобност, ниско ниво на бучава и многу простор. За вас и за работите што ви требаат.

Volvo Gold Contract
Најдобриот начин да го заштитите вашето време поминато во возење е со Volvo Gold Contract, во кој се вклучени сите превентивни одржувања и поправки на камионот за фиксна месечна претплата. Освен тоа, вашиот камион комуницира со работилницата од далечина за поефикасно планирање на посетите во работилниците. Вашиот камион се чува во најдобра можна форма и имате целосна контрола врз вашите трошоци. Ако вашата километража варира, одлучете се за договорот Flexi-Gold Contract, којшто нуди иста покриеност, но со надоместок прилагоден на вашиот бизнис.

Вашиот камион чека

Разговарајте со вашиот локален дилер на Volvo Trucks за да го најдете најдоброто решение за вашиот бизнис во регионалниот транспорт.