Камиони

Volvo Trucks – најголем на пазарот на електрични камиони во Европа и Северна Америка

Веќе петта година по ред, Volvo Trucks е лидер во сегментот на тешки електрични камиони во Европа, со пазарен удел од 47%. Компанијата исто така има водечка позиција во сегментот на тешки електрични камиони во Северна Америка.
Volvo Trucks – најголем на пазарот на електрични камиони во Европа и Северна Америка
Volvo Trucks – најголем на пазарот на електрични камиони во Европа и Северна Америка

Volvo Trucks е лидер во сегментот на тешки електрични камиони (16 тони и повеќе) во Европа петта година по ред. На крајот на 2024 година, компанијата имаше пазарен удел од 47%, а во текот на годината во Европа беа регистрирани 1.970 електрични камиони Volvo. Петте најголеми пазари за електрични камиони на Volvo во 2024 година беа Германија, Холандија, Шведска, Норвешка и Швајцарија. Volvo Trucks исто така има водечка позиција во Северна Америка, со пазарен удел од повеќе од 40% во сегментот на тешки електрични камиони во 2024 година.

 

„Горди сме што ја водиме трансформацијата кон транспорт со нулта емисија. Располагаме со исклучително голем асортиман на електрични камиони за регионален, градски и градежен транспорт. „Нашиот следен електричен камион, кој доаѓа на пазарот наскоро, ќе може да помине растојанија до 600 километри со едно полнење“, вели Роџер Алм, претседател на Volvo Trucks.

„Сакам да им се заблагодарам на сите транспортни компании, големи и мали, кои пионираат и инвестираат во електрични камиони. Горд сум што го избравте Volvo за ваш партнер на патот кон транспорт без издувни гасови. Исто така, би сакал да им се заблагодарам на нашите дистрибутери, добавувачи и колеги од Volvo Group.

 

Volvo Trucks, компанија која започна сериско производство на електрични камиони во 2019 година, сега има осум електрични модели во својата палета и досега има испорачано повеќе од 4.800 електрични камиони на клиентите ширум светот.

 

„Присуството на нашите електрични камиони рапидно расте. Нашата вкупна флота сега помина повеќе од 140 милиони километри во секојдневните операции на клиентите ширум светот. Сè повеќе електрични камиони се возат во нови географски области и ги намалуваат емисиите за нашите клиенти секој ден. Прекрасно е да се види тоа“, додава Роџер Алм.

Картата го прикажува растот на активноста на електричните камиони на Volvo во Европа од почетокот на 2023 година (лево) до средината на 2024 година (десно). Црвената боја ги означува областите со најголем број електрични камиони Volvo што се користат.

Електричните камиони сочинуваат само 1,3% од вкупниот пазар на камиони во Европа - транзицијата треба да се забрза

 

Во 2024 година, електричните камиони сочинуваа само 1,3% од вкупниот пазар на камиони во Европа. Пошироката употреба на електрични камиони зависи од неколку фактори, вклучувајќи го проширувањето на јавната мрежа за полнење, зголемениот капацитет на електричната мрежа, поповолните вкупни трошоци на сопственост за транспортните оператори, јавните набавки на транспорт без емисии и одржливиот синџир на снабдување.

 

„За да се забрза транзицијата кон транспорт со нулта емисија, не е доволно само да се подготват електричните камиони. Според нашите анализи, до 2030 година ќе ни требаат 40.000 брзи полначи долж европските патишта, за поддршка на вкупно 400.000 електрични камиони. Потребни ни се и поефикасни економски политики кои ќе го направат работењето на електричните камиони профитабилни за сите транспортни компании“, нагласува Роџер Алм.

„Ние сме во близок дијалог со сите засегнати страни, бидејќи е јасно дека треба да се направи многу повеќе, и со поголемо чувство на итност, за да се обезбеди забрзана трансформација.

 

 

Забелешка: Картата го прикажува растот на активноста на електричните камиони на Volvo во Европа од почетокот на 2023 година (лево) до средината на 2024 година (десно). Црвената боја ги означува областите со најголем број електрични камиони Volvo што се користат.

 

• Европа значи ЕУ, Обединетото Кралство, Норвешка и Швајцарија (ЕУ30).

• Северна Америка се однесува на САД и Канада.

 

 

 

Официјалните фотографии и филмови се достапни на платформата на Volvo Trucks на: LINK  

За повеќе информации, контактирајте ги:

Милутин Маринковиќ

Маркетинг и администрација, Volvo Adriatic South

milutin.marinkovic@volvo.com

+381 63 10 90 245

 

Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 13 земји низ светот. Во 2021 година, ширум светот беа испорачани околу 123.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.