Годишниот тест „Зелен камион“ е детален и независен компаративен тест од специјализирани новинари, чија цел е да го идентификува камионот со најмала потрошувачка на гориво за долги патувања. Тестот е организиран од германските специјализирани списанија Trucker и Verkehrs-Rundschau.
„Исклучително сум горд што независното тестирање потврдува дека нашиот Volvo FH Aero обезбедува супериорна ефикасност на горивото, намалувајќи ги емисиите на CO2 и оперативните трошоци за нашите клиенти секој ден“, рече Јан Хјелмгрен, директор за управување со производи во Volvo Trucks.
„Ќе продолжиме да развиваме и имплементираме подобрувања во ефикасноста на горивото, бидејќи тоа е од корист и за животната средина и за продуктивноста на транспортните компании. Потрошувачката на гориво сочинува голем дел од оперативните трошоци на нашите клиенти, така што знаеме дека нашите напори навистина прават разлика.
Овогодинешниот победник е моделот Volvo FH Aero со мотор D13 од 420 КС и пакетот Volvo I-Save, како и нов систем на камери за надзор наместо ретровизор, кој ја подобрува аеродинамиката и дополнително ја намалува потрошувачката на гориво. Volvo FH Aero постигна просечна потрошувачка на гориво од 21,20 литри на 100 km на тест рутата.
Претседателот на Volvo Trucks, Роџер Алм, рече: „Со победата на тестот Green Truck, Volvo Trucks постигна хет-трик! Прво, станавме единствената марка што доби оценка со пет ѕвездички на првиот досега тест за безбедност на камиони Euro NCAP, потоа станавме најголема марка за тешки камиони во Европа во 2024 година, а сега Volvo FH Aero е најефикасен во сите тестови!
Volvo FH Aero беше претставен на почетокот на 2024 година и има нов аеродинамичен дизајн на кабината, кој овозможува до 5% заштеда на гориво и намалени емисии на CO2 во споредба со стандардниот модел на Volvo FH. Тестираниот модел е придвижуван од сигурен и ефикасен дизел мотор Volvo D13 со технологија I-Save, која вклучува голем број иновации за оптимизирање на потрошувачката на гориво.
Новата серија Volvo FH Aero е достапна во четири верзии:
• FH Aero (дизел)
• FH Aero Electric (електричен)
• FH Aero гас
• FH16 Aero
Дизел верзиите и гасните верзии на Volvo FH и FH Aero можат да користат обновливи горива, како што се биогас, биодизел и растително масло (eHVO), кои значително ја намалуваат емисијата на CO2.
Тест на Green Truck 2025 – клучни факти:
• Спецификации на тестираните камиони: вкупна тежина од 32 тони, покрив со висока кабина, дизел мотор со моќност од 390 КС +/- 50 КС, нови гуми и приколка со три оски со тежина од 24 тони
• Тестирањето беше спроведено на просечен пат со 343 км во јужна Германија, комбинација од автопати и главни патишта
• Volvo FH Aero постигна просечна брзина од 80,14 km/h за време на тестот
LINK до фотографии
Милутин Маринковиќ
Маркетинг и администрација, Volvo Adriatic South
+381 63 10 90 245
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 13 земји низ светот. Во 2021 година, ширум светот беа испорачани околу 123.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.