Volvo Trucks има во понудата електрични камиони од 2019 година, а оттогаш клиентите во 50 земји низ целиот свет се префрлија на електрични камиони и поминаа речиси 170 милиони километри во комерцијален транспорт. Овие камиони ги намалија емисиите на CO₂ и нивоата на бучава во сообраќајот, а воедно ја подобрија работната средина за возачите.
„Задоволство е да се види дека превозниците продолжуваат да ги препознаваат придобивките од електричните камиони во широк спектар на транспортни сегменти“, вели Роџер Алм, претседател на Volvo Trucks. „Камионите на Volvo на батерии се достапни тука и сега, обезбедувајќи им на нашите клиенти и добавувачи одржлива алтернатива што има бизнис смисла, а многу од нашите клиенти се враќаат кај нас за да ги прошират своите возни паркови со електрични камиони.“
Актуелната понуда на електрични камиони од Volvo Trucks е прилагодена на потребите на урбаната и регионалната дистрибуција, како и на секторите за градежништво и собирање отпад. Петте најголеми пазари за електрични камиони на Volvo се: Германија, Холандија, САД, Норвешка и Шведска.
Знаење за електрификација
Раниот влез на Volvo Trucks во сегментот на електрични камиони ѝ овозможи на компанијата да развие единствена експертиза во транспортот со нулта емисија. Придобивките од електричните камиони одат подалеку од чисто еколошките придобивки - возачите имаат значително подобра работна средина со значително пониски нивоа на бучава и вибрации. Волво, исто така, разви компетенции во оптимизирање на користењето на инсталираната енергија, финансирање, полнење и сервисирање на електрични камиони.
Електрични камиони што Volvo моментално ги нуди:
Стратегијата на Volvo Trucks за постигнување нулта емисија
Volvo Trucks ја спроведува стратегијата за декарбонизација на транспортот преку технолошки решенија во три насоки, со цел да се постигне целта - без емисии на CO2 до 2040 година. Оваа стратегија вклучува возила на електрични батерии, возила на горивни ќелии и мотори со внатрешно согорување кои користат обновливи горива како што се зелен водород (произведен со електролиза на вода со употреба на обновлива електрична енергија), биогас (Bio-LNG), биодизел и HVO (хидротретирано растително масло).
LINK до фотографии
Милутин Маринковиќ
Маркетинг и администрација, Volvo Adriatic South
+381 63 10 90 245
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 12 земји низ светот. Во 2024 година, ширум светот беа испорачани околу 134.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.