Дознајте повеќе за тоа како го поддржуваме овој сегмент во интерактивната брошура за сегменти
Долгите релации секако ви се познати. Без оглед колку далеку треба да возите за некоја задача – вашата работа е да ги одржувате своите ветувања. И да им помогнете на другите да ги одржат своите. Знаеме дека сè мора да работи и дека треба да извлечете максимум од секоја капка гориво. Ние сме тука за да ви помогнеме да возите без напор на долги растојанија.
Истражете ги решенијата направени за да ви го олеснат животот и да ги подобрат вашите операции уште повеќе.
Заштедете гориво со I-Save
Справувајте се со ридовите и стрмнините со поголема брзина – притоа заштедете гориво, добијте постојана брзина и поглатко возење.
Оптимизирано со I-See
I-See користи податоци за топографијата за да ги оптимизира брзината и менувањето на брзините на вашите рути со цел ефикасна потрошувачка на горивото.
Безбедно на надолнини со Stretch Brake
Камион и приколка целосно натоварени на надолнина. Stretch Brake ги активира сопирачките на тркалата на приколката за да ја исправи комбинацијата на возилото и да избегне свиткување на половина.
Dynafleet гориво и животна средина
Услугите за управување со возен парк го олеснуваат надгледувањето на работата на вашите камиони и ефикасноста на вашите возачи. Брза и точна, услугата ви помага да ги идентификувате потенцијалните заштеди.
Volvo динамичко управување такво како што го сакате
Дали барате совршена стабилност и контрола при сите брзини во комбинација со помало напрегање на рамената? Или сакате помош за да избегнете занесување на возилото и ненамерно излегување од лента? Погледнете го од поблиску Volvo динамичкото управување.
Систем на двоен акумулатор
Добијте систем на акумулатори кој овозможува високо ниво на комфор за живеење, без притоа да се наруши стартноста на камионот следното утро.
Погон на гас
Нашите камиони со гасен погон работат на LNG (течен природен гас), што веднаш значи намалени емисии на CO2 без притоа да има последици по продуктивноста. Исто така, имаат потенцијал да ги намалат трошоците за гориво.
Globetrotter кабини – зачекорете во поголем простор
Го измисливме концептот на кабината Globetrotter пред неколку децении за да го направиме животот на патот поудобен и побезбеден. Со внатрешна висина до 220 сантиметри, удобни можности за спиење и голем број на места за паметно складирање на сета ваша опрема што ви е потребна за живот на патот.
I-Shift со двојна спојка
I-Shift со двојна спојка нуди постојан проток на моќ што ќе го трансформира начинот на кој возите – и ќе ја зајакне вашата продуктивност.
Поради тоа што поминуваме многу планински рути, нам ни се потребни возила кои нудат перформанси, но со мала потрошувачка на гориво