Дознајте повеќе за тоа како го поддржуваме овој сегмент во интерактивната брошура за сегменти
Земањето и доставувањето контејнери на пристаништа и другите точки на вкрстување, значи дека сте подготвени да станете следната алка во глобалниот синџир на снабдување. Освен тоа, потребни ви се вистинските алатки за ефикасно работење во секоја фаза од работата. Ние ви носиме решенија што го олеснуваат маневрирањето, кабини со одлични прегледност и удобност – и погони што ви помагаат да извлечете максимум од секоја капка гориво.
Истражете ги решенијата направени за да ви го олеснат животот и да ги подобрат вашите операции уште повеќе.
Прегледноста
Одлична прегледност со широките површини на прозорците и добро дизајнираните ретровизори. Можете да додадете и до осум камери – едната од нив е аголната камера кај сопатникот, позиционирана во ретровизорот од страната на сопатникот.
Dynafleet за горивото и животната средина
Услугите за управување со возен парк го олеснуваат надгледувањето на работата на вашите камиони и ефикасноста на вашите возачи. Ви помага да ја идентификувате потенцијалната заштеда која може да го подобри вашиот краен резултат и да ги намали емисиите што ги оставате во животната средина.
I-Shift со двојна спојка
I-Shift со двојна спојка нуди вистински непречено и динамично забрзување. Ги менува брзини во дел од секундата.
Удобни кабини
Сите наши кабини нудат високо ниво на удобност, ниско ниво на бучава и многу простор. За вас и за работите што ви требаат.
I-Park Cool
Правењето пауза или чекањето на терминалите е подобро кога температурата на кабината е токму како што треба. I-Park Cool е вградена и електрично напојувана функција. Ја одржува климата во кабината без да мора да работи моторот.
Volvo динамичко управување онака како што го сакате
Дали барате совршена стабилност и контрола при сите брзини во комбинација со помало напрегање на рамената? Погледнете го од поблиску Volvo динамичкото управување.
Погон на гас
Нашите камиони на гасен погон работат на LNG (течен природен гас), што веднаш значи намалени емисии на CO2 без притоа да има последици по продуктивноста. Исто така, имаат потенцијал да ги намалат трошоците за гориво.
Финансии и осигурување
Флексибилните финансиски пакети и лично скроените осигурителни полиси од Volvo Financial Services ќе ви помогнат во вашата инвестиција – и да ја заштитите.
Volvo Gold Contract
Најдобриот начин да го заштитите вашето време поминато во возење е со Volvo Gold Contract, во кој се вклучени сите превентивни одржувања и поправки на камионот за фиксна месечна претплата. Освен тоа, вашиот камион комуницира со работилницата од далечина за поефикасно планирање на посетите во работилниците. Вашиот камион се чува во најдобра можна форма и имате целосна контрола врз вашите трошоци. Ако вашата километража варира, одлучете се за договорот Flexi-Gold Contract, којшто нуди иста покриеност, но со надоместок прилагоден на вашиот бизнис.
Го изградивме нашиот бренд со помош на нашите Volvo Trucks. Можеме секогаш да сметаме на нив, а тоа е важно за бизнисот.