Камиони

Предизвик за возачи на Volvo Trucks

Добре дојдовте во Предизвикот за возачи на Volvo Trucks – нашиот натпревар за возачки вештини. Сè се однесува на возачот. И важната улога што ја играат возачите кога станува збор за безбедноста, ефикасното искористување на горивото и продуктивноста. Да, кога се работи за целокупниот успех, возачот игра важна улога. 

Уникатен натпревар

Предизвикот за возачи на Volvo Trucks ги истакнува возачите кои прават уметност од безбедното и продуктивно возење со ефикасно искористување на горивото. Се собираат најдобрите камионџии во светот, внимателно избрани преку локални натпревари или номинации. Победниот од секој пазар ќе добие програма по мерка за патување во Шведска - домот на Volvo Trucks, коешто ќе вклучува посета на производната постројка, Volvo Museum, Volvo Trucks Experience Center и многу повеќе.

Добре дојдовте во Предизвикот за возачи на Volvo Trucks за 2019 година!

Дали сте подготвени за најголемата можност во вашиот живот? Сакате ли шанса да бидете шампионот за вашата земја на Предизвикот за возачи на Volvo Trucks 2019? Обратете се кај најблискиот дилер за повеќе информации.