Камиони

Дознајте повеќе за тоа како го поддржуваме овој сегмент во интерактивната брошура за сегменти

Тешките услови бараат тешка опрема

Превоз во рудници и каменоломи

Стрмнини, остри падови удолу, остри кривини и тесни простори со камион натоварен до максимум – сето тоа бара максимална концентрација и контрола од ваша страна. Ние сме таму за да ве поддржиме, за протокот на производство да може да продолжи дури и кога условите се предизвик.

Карактеристики на Volvo Trucks за вашите операции

Истражете ги решенијата направени за да ви го олеснат животот и да ги подобрат вашите операции уште повеќе.

38-тонска повеќеосна група
Барате трајно решение за да ја максимизирате вашата продуктивност со тоа што ќе можете да носите повеќе товар?

Цврста предница
За тешки задачи на тешки терени.

I-Shift со степени на пренос за бавно движење
Добијте одлична стартност дури и со полн товар – и имајте целосна контрола над моќноста при навистина мали брзини.

Камиони со пет оски од фабрика
Вашиот Volvo камион го добивате со пет оски директно од нашата фабрика во конфигурација 10×4 или 10×6 за да можете да носите големи товари без да ви треба приколка.

Сила на влечење кога ви треба
Преземете ја контролата врз влечењето и продуктивноста. Диференцијалните функции лесно се контролираат преку интерфејс лесен за употреба. А, ако камионот има погонувана предна оска, таа автоматски се вклучува кога ви треба. И се исклучува кога не ви треба.

Volvo динамичко управување, онака како што го сакате
Дали барате совршена стабилност и контрола при сите брзини во комбинација со помало напрегање на рамената? Погледнете го од поблиску Volvo динамичкото управување.

Кабини за подземни рудници
Нашите ниски дневни кабини и кабини за спиење се совршени за подземјето каде висината е ограничена. Можете дури и да ја заштитите кабината со заштита од предмети што паѓаат. Заедно со отвор на кровот направен од челик, наместо стаклен кров.

Планирање на услугите од Volvo
Дефектите и итните поправки ве чинат време и пари. Проактивното сервисирање и превентивното одржување ги заштедуваат. Затоа, планирањето се исплаќа. А одличната вест е што ние ќе го направиме тоа за вас. Планот за сервисирање од Volvo е специјално креиран за вашиот камион и бизнис. Вашето време поминато во возење е оптимизирано без надомест.

Референтен клиент

Никогаш не знаеме што има понатаму. Земјата се поместува и за секунда може да се смени

Нов продор?

Разговарајте со вашиот локален дилер на Volvo Trucks за да го најдете најдоброто решение за вашиот бизнис за превоз во рудници и каменоломи.