Новите можности за клиентите, транспортната индустрија и општеството ќе бидат во центарот на настапот на Volvo Trucks на саемот IAA 2026 во Хановер, Германија. Штандот на Volvo Trucks ќе го прикаже целиот спектар на камиони, технологии и услуги кои можат да донесат најголема вредност за клиентите – максимизирајќи го повратот на инвестицијата, зголемувајќи ја ефикасноста и зајакнувајќи го нивниот бизнис за иднината.
Volvo ќе ги претстави своите најнови електрични, гасни и дизел погонски системи, кои ќе ги поддржат клиентите без разлика каде се наоѓаат во процесот на декарбонизација. Сето тоа со поддршка во секојдневните операции и исполнување на целите за продуктивност и достапност на возилата. Volvo ќе има осум камиони на изложба и дополнителни седум достапни за тест-возење.
Тест-возење на Volvo електричен камион со домет до 700 км
Еден од главните моменти ќе бидат тест-возењата кои ќе започнуваат директно од штандот на Volvo Trucks во хала 11.
Посетителите ќе имаат можност да го тестираат новиот Volvo FH Aero Electric со продолжен домет до 700 км, да го испробаат новиот поекономичен D13 мотор, па дури и да го тестираат идниот камион со мотор на водород, кој ќе биде лансиран пред 2030 година.
Претседателот Roger Alm го гледа ова како одлична можност да се поврзат клиентите и Volvo камионите таму каде што е најважно: „Со тест патеката веднаш до нашиот штанд сакаме да ги покажеме нашите нови камиони и погонски системи во најдобро светло – на патот!“
Комплетни бизнис решенија
Меѓу најважните делови од понудата на Volvo ќе бидат насоки за избор на вистински погонски систем, како Volvo ја поддржува безбедноста и успехот на возачите, како и силата што клиентите ја добиваат преку партнерство со Volvo – од сервисни договори и мрежа од над 2.500 сертифицирани сервиси и дилери, до финансирање и дигитални услуги за достапност на возилата.
Заедно со Volvo Trucks, клиентите ќе видат како да го направат следниот чекор со алтернативни и обновливи горива, инфраструктура за полнење или снабдување, како и како да постигнат непречено работење на мешани флоти.
Европски лидер на пазарот две години по ред
Во 2024 и 2025 година, Volvo Trucks беше препознаен како лидер на европскиот пазар за тешки камиони (16 тони и повеќе). Голем придонес за ова има Volvo FH Aero, кој нуди значително подобрена аеродинамика и ефикасност на горивото, со повеќе од 70.000 продадени камиони. Volvo батериски електрични камиони исто така ја надминаа границата од 450 милиони поминати километри. Во исто време, Volvo камионите продолжуваат да добиваат максимална 5-ѕвездена безбедносна оцена од Euro NCAP. 2026 година носи нови технолошки напредоци и лансирања кои дополнително ќе го забрзаат развојот – и ќе донесат поголема вредност за клиентите ширум светот.
„Многу сме горди и возбудени што имаме толку многу да прикажеме“, вели Roger Alm, претседател на Volvo Trucks. „Тоа е резултат на сериозни инвестиции и нашата посветеност кон возачите, клиентите и нивните бизниси – не само сега туку и во иднина. Со нетрпение очекуваме да се сретнеме со сите наши партнери. Ќе биде одличен настан.“
Камиони на изложба
Камиони за тест-возење
Штанд Volvo Trucks: Хала 11, D09
Прес-конференција: 14 септември (времето ќе биде дополнително потврдено)
LINK до фотографии со висока резолуција
Милутин Маринковиќ
Маркетинг и администрација, Volvo Adriatic South
+381 63 10 90 245
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 12 земји низ светот. Во 2025 година, ширум светот беа испорачани околу 120.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.