Камиони

Дознајте повеќе за тоа како го поддржуваме овој сегмент во интерактивната брошура за сегменти 

Кога се справувате со екстремни товари

Тежок превоз

Преземањето на најтешките задачи значи дека треба да го надминете обичното и да го направите она што никој друг не го може. Вие сте експерт и вашите предизвици се уникатни. Нашите решенија помагаат да ја имате целосната контрола, без разлика дали треба да возите бавно или да покриете километража со одредено темпо. Всушност можете да добиете возило кое нуди одлична стартност со комбинирани тежини до 325 тони. 

Volvo FH16

Масивна моќ и удобност

 

Клучни информации за производот

Излезни моќности 550–750 КС.

Просторни и удобни кабини во пет големини. Оптимизиран за долги релации. Флексибилна шасија за составување на каросеријата.

 

Опции за гориво

Дизел, HVO.

 

Клучни одлики

I-Shift со степени на пренос за бавно движење. I-Shift за тешки примени. Повеќе степени на пренос за возење наназад. Мотор со 750 КС. Голема БМК, 325 тони.

Volvo FH

Одлична удобност и ефикасност

 

Клучни информации за производот

Излезни моќности 420–540 КС.

Просторни и удобни кабини во пет големини. Оптимизиран за долги релации.

Флексибилна шасија за составување на каросеријата.

 

Опции за гориво

Дизел, LNG, биодизел, HVO.

 

Клучни одлики

Volvo динамичко управување со лични поставки и помош за стабилност. I-Shift со степени на пренос за бавно движење. Повеќе степени на пренос за возење наназад. Кревање на тандем-оската. Засилен браник.

Карактеристики на Volvo Trucks за вашите операции

Истражете ги решенијата направени за да ви го олеснат животот и да ги подобрат вашите операции уште повеќе.

I-Shift со степени на пренос за ултра-бавно движење 
Добијте одлична способност за тргнување со маса на комбинацијата до 325 тони – и обезбедете целосна контрола над моќноста при навистина мали брзини. И, не мора да правите компромис со потрошувачката на горивото или стабилноста. 

До 750 коњски сили – што лесно можете да ги зауздате 
Со Volvo, ќе ја имате на дофат моќноста што ви треба. Зад воланот на Volvo FH16 – до 750 КС и вртежен момент од 3.550 Nm. 

Повеќеосна група за 38 тони 
Издржливо решение кое ја подобрува вашата носивост. Нашата повеќеосна група за тежок транспорт може со леснотија да носи товари и до 38 тони.

Контрола на оптоварувањето на оските и на влечната сила 
Интерфејсот на возачот ви дава детална контрола на оптоварувањето на секоја оска и на сите диференцијали. Само свртете ја контролата во насока на стрелките на часовникот за да ја зголемите влечната сила.

Безбедно на надолнини со Stretch Brake 
Камион и приколка целосно натоварени на надолнина. Stretch Brake ги активира сопирачките на тркалата на приколката за да ја исправи комбинацијата на возилото и да избегне свиткување на половина. 

Робусна предна страна 
Дизајнирана за најтешките терени во светот, робусната предна страна со зајакнат браник и заштитната плоча ги штити виталните делови, како фаровите и компонентите на моторот. Возењето преку карпи и чакал нема да ве спречи. 

Прегледноста
Широките површини на прозорците и добро дизајнираните ретровизори значат одлична прегледност. Згора на тоа, можете да додадете до осум камери – а приказите од снимките да се емитуваат на страничниот дисплеј. Вие да ја имате контролата.

Шипка за влечење
Туркајте или влечете екстремни товари со помош на шипката за влечење вградена во предницата. Совршено кога треба да поврзете два или повеќе камиони во иста комбинација.

Капацитет на сопирање за секоја потреба
Нашите помошни сопирачки ви даваат контрола во сите ситуации. Забавувачот овозможува стабилен капацитет при големи брзини. Во комбинација со I-Shift со степени на пренос за бавно движење, моторната сопирачка на Volvo ќе ви ги исполни потребите дури и кога ќе возите со навистина мали брзини.

Volvo динамичко управување такво како што го сакате 
Дали барате совршена стабилност и контрола при сите брзини, комбинирана со помало напрегање на рамената дури и со екстремни товари? Погледнете го од поблиску Volvo динамичкото управување. 

Пространи кабини
Сите наши кабини нудат многу простор за вас и работите што ви се потребни. Со внатрешен простор во висина до 220 сантиметри, кабината Globetrotter XL нуди одличен комфор за живот на патот. И, ако тоа не е доволно, имаме уште попростран избор – наречен Globetrotter XXL. 

Volvo златен договор 
Најдобриот начин да го обезбедите вашето време во возна состојба е со Volvo златен договор, кој ги вклучува целото превентивно одржување и сите поправки на камионот за фиксна месечна рата. Освен тоа, вашиот камион комуницира со работилницата од далечина за поефикасно планирање на посетите во работилниците. Вашиот камион се чува во најдобра можна форма и имате целосна контрола врз вашите трошоци. Ако вашата километража варира, одлучете се за договорот Flexi-Gold Contract, којшто нуди иста покриеност, но со надоместок прилагоден на вашиот бизнис.

Референтен клиент

Во вакви околности, одлично е што можам да се потпрам на системот за управување на камионот и автоматскиот систем за менување на степените на пренос. Ви дава голем спокој, па така можете да се фокусирате на патувањето без да се грижите.

Превезувате тежок товар?

Разговарајте со вашиот локален дилер на Volvo Trucks за да го најдете најдоброто решение за вашиот транспортен бизнис.