Во април 2026 година Volvo ја претстави својата нова генерација електрични камиони со подобрени перформанси, поголема флексибилност и дострел до 700 km со едно полнење. Сега првите камиони излегоа од производната линија во фабриката во Туве, во Гетеборг.
Почетокот на производството претставува значаен чекор напред за електричниот транспорт на товар. Со новиот Volvo FH Aero Electric и моделите од следната генерација Volvo FH, FM и FMX Electric, електричниот транспорт станува одржливо решение за значително поголем број транспортни задачи од кога било досега.
„Сега ја претвораме револуционерната технологија во индустриска реалност. Почетокот на сериското производство на нашите нови електрични камиони е јасен доказ за нашата посветеност да ја предводиме трансформацијата кон поодржлив транспорт со камиони“, вели Roger Alm, претседател на Volvo Trucks.
„Одговорот од клиентите е многу позитивен и гледаме голем интерес за нарачување на новите камиони. Со подолг дострел, максимална флексибилност при различни видови на примена и одлични возни карактеристики, преминувањето на електричен погон сега е полесно од кога било.“
Предводник на новата палета е Volvo FH Aero Electric со продолжен дострел. Благодарение на новата технологија на електрична оска, камионот може да има значително поголем капацитет на батериите и да помине до 700 km со едно полнење. Во комбинација со можноста за мегаватно полнење и високата носивост, ова овозможува електричен транспорт на рути на кои традиционално се користеле дизелски камиони.
Новата палета камиони ги вклучува и моделите од следната генерација Volvo FH, FM и FMX Electric. Овие камиони имаат целосно нов електричен погонски систем, дизајниран за подобрување на енергетската ефикасност, продуктивноста и возните перформанси, со дострел до 470 km*.
Новите електрични камиони ќе се произведуваат во производствените капацитети на Volvo Trucks во Туве, Гетеборг, Шведска, и во Гент, Белгија.
Новата палета електрични камиони на Volvo ќе биде претставена на меѓународниот саем IAA Transportation во Хановер, Германија, од 14 до 20 септември.
Volvo Trucks е глобален лидер во областа на електричните камиони и нуди една од најшироките палети електрични камиони во индустријата. Понудата на компанијата од осум модели електрични камиони покрива широк спектар транспортни задачи, вклучувајќи градска дистрибуција и управување со отпад, регионален и долгопродажен транспорт, како и транспорт во градежниот сектор.
Прочитајте го соопштението за медиумите за новата палета електрични камиони (овде)
Дознајте повеќе за новата палета електрични камиони (овде)
*Дострелот зависи од надворешните услови, како што се временските услови и отпорот на воздухот, како и од други фактори, вклучувајќи ја вкупната тежина на камионот и начинот на возење.
LINK линк до фотографии и видео материјали со висока резолуција
Милутин Маринковиќ
Маркетинг и администрација, Volvo Adriatic South
+381 63 10 90 245
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 12 земји низ светот. Во 2025 година, ширум светот беа испорачани околу 120.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.