По претставувањето на својата нова генерација електрични камиони претходно оваа година, Volvo Trucks сега ја претставува својата следна иновација: електричен камион специјално развиен за комбинации од камион и приколка со вкупна маса до 80 тони. Комбинирајќи висока носивост со продолжен дострел, тој отвора можност за електрификација на уште позахтевни транспортни задачи.
„Горди сме што претставуваме уште еден одличен камион со нулта емисија од издувната цевка, специјално прилагоден за навистина тешки товари и долги растојанија. Во комбинација со можноста за брзо полнење, веруваме дека овој нов камион ќе предизвика голем интерес кај клиентите“, вели Jan Hjelmgren, виш потпретседател за управување со производи во Volvo Trucks.
Развиен за тежок транспорт
Новата комбинација на камион и приколка е наменета за пазари на кои се врши транспорт на товари потешки од европскиот просек – конкретно, комбинација составена од крут* камион и приколка.
При вкупна маса на комбинацијата од 64 тони, што не е невообичаено кај тешкиот транспорт, дострелот изнесува до 450 километри со едно полнење**. При вкупна маса од 74 и 76 тони, дозволена во Шведска и Финска соодветно, дострелот изнесува до 420 километри**. Продажбата ќе започне во Шведска, Норвешка, Финска, Данска, Холандија и Швајцарија. Крутиот камион FH Electric постепено ќе биде воведен на овие пазари почнувајќи од почетокот на 2027 година.
„Високите вкупни маси во транспортот со камиони ги намалуваат и транспортните трошоци и влијанието врз животната средина. Доколку дополнително го електрифицираме овој транспорт, правиме важен чекор кон поодржлив транспорт“, вели Jan Hjelmgren.
Камионот го користи истиот нов, разновиден погонски систем што се применува кај новата генерација електрични камиони FH, FM и FMX, кои Volvo Trucks ги претстави во април оваа година. Тој нуди одлични возни карактеристики и непречено менување на брзините. Камионот може да се полни со системот Megawatt Charging System (MCS) или CCS2. Унапредените батерии со подолг работен век обезбедуваат 640 kWh искористлива енергија. Volvo разви унапреден систем за следење на состојбата на батеријата, како и подобрена изолација погодна за постудени климатски услови. Ова им овозможува на батериите да работат поефикасно и да задржуваат повеќе енергија.
Со оваа нова комбинација, Volvo воведува и погонски оски со редуктор во главчината. Тоа значи дека комбинацијата од крут камион и приколка може да извршува транспортни задачи кои бараат поголемо растојание од тлото под осовините, а истовремено нуди подобра стартност при повисоки вкупни маси на комбинацијата – што е погодно за примени како што се патен транспорт на дрва или полесни градежни работи. Ова решение е исто така особено поволно за возење по добри патишта, бидејќи повисоката техничка носивост овозможува поголема носивост на товарот.
Факти:
Volvo FH Electric/FH Aero Electric – крут камион со продолжен дострел
Погоден за: Далечински и регионален транспорт со високи барања во однос на носивоста.
Вкупен капацитет: Вкупна маса на комбинацијата до 80 тони.
Пример за дострел: До 420 km со едно полнење при вкупна маса на комбинацијата од 76 тони.**
Полнење: Мегаватно полнење од 680 kW (MCS): 20–80% за приближно 36 минути | CCS2 (Combined Charging System) од 360 kW: 20–80% за приближно 70 минути.
Посебна карактеристика: Електричниот погон за помошни уреди (e-PTO) ја елиминира потребата од посебен дизел-генератор за разладните единици.
Кабина: Сите Volvo FH кабини освен XXL кабината. Достапни се стандардна и Aero кабина.
Менувач: 8-степен менувач развиен за електрични мотори.
* Камиони со една крута шасија и надградби како што се сандачести надградби, кранови, компактори за отпад и мешалки за бетон.
** Дострелот зависи од надворешните услови, како што се временските услови и отпорот на воздухот, како и од други фактори, вклучувајќи ја вкупната маса на камионот и начинот на возење.
LINK до слики со голема резолуција
Милутин Маринковиќ
Маркетинг и администрација, Volvo Adriatic South
+381 63 10 90 245
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 12 земји низ светот. Во 2025 година, ширум светот беа испорачани околу 120.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.