Со дострел до 700 km*, палетата тешки електрични камиони на Volvo Trucks е избрана за „Меѓународен камион на годината 2027“. Палетата ги вклучува моделите Volvo FH, FM, FMX Electric и FH Aero Electric. Новата палета електрични камиони нуди поголем дострел, подобрена носивост и пократко време на полнење во споредба со претходните модели. Таа е наменета за барањата на регионалниот и далечинскиот транспорт, градската дистрибуција, градежниот сектор и комуналните услуги.
Жирито особено го пофали начинот на кој Volvo ја разви својата електрична палета надвор од еден единствен модел или примена. Особено беше истакнато како комбинацијата од поголем дострел, различни конфигурации на кабини и шасии, како и различни решенија, овозможува прилагодување кон широк спектар транспортни задачи.
„Наградената палета на Volvo Trucks претставува значаен развој на нивната понуда на тешки камиони со батериски електричен погон. Со новата електрична палета, компанијата покажува колку брзо тешкиот транспорт со батериски електричен погон се движи од поединечни примени кон сеопфатно транспортно решение“, вели Florian Engel, претседател на организацијата International Truck of the Year.
Roger Alm, претседател на Volvo Trucks, ја прими наградата синоќа за време на церемонијата на доделување на наградите на саемот IAA Transportation во Хановер, Германија.
„Многу сум горд што повторно добивме признание за нашите електрични решенија. Гледаме голема побарувачка за нашите нови електрични камиони, а книгата на нарачки е речиси целосно исполнета. Оваа награда потврдува дека Volvo Trucks е доверлив лидер во индустријата на електромобилноста. Новата палета овозможува уште поголем број транспортни оператори да изберат транспорт со нулта емисија од издувната цевка“, коментира Roger Alm.
Електрични камиони во секојдневното работење
Од 2019 година, 7.000 електрични Volvo камиони имаат поминато вкупно 500 милиони километри ширум светот. Денес, речиси 2.000 клиенти во повеќе од 50 земји им веруваат на електричните Volvo камиони во своето секојдневно работење.
Комплетна програма на електрични камиони
Volvo Trucks има широка палета електрични камиони, со вкупно осум модели дизајнирани за различни транспортни задачи. Во текот на седум години развој на електромобилноста, компанијата стекна значајно искуство во оптимизирањето на користењето на вградената енергија, полнењето и сервисирањето на електричните камиони.
Меѓународен камион на годината
Организацијата International Truck of the Year е основана во 1977 година и се состои од 24 новинари специјализирани за комерцијални возила од водечки списанија за транспорт ширум Европа. Годишната награда се доделува на камионот претставен на пазарот во претходните 12 месеци кој дал најзначаен придонес кон ефикасноста на патниот транспорт. Се оценуваат повеќе клучни критериуми, вклучувајќи технолошки иновации, удобност, безбедност, возни карактеристики, енергетска ефикасност, влијание врз животната средина и вкупни трошоци на сопственост (TCO).
https://www.truck-of-the-year.com/
Претходни награди на Volvo Trucks за „Меѓународен камион на годината“
2024 – Volvo FH Electric
2014 – Volvo FH
2000 – Volvo FH Series
1994 – Volvo FH Series
1986 – Volvo FL Series
1984 – Volvo F10
1979 – Volvo F7
*Дострелот зависи од надворешните услови, како што се временските услови и отпорот на воздухот, како и од други фактори, вклучувајќи ја вкупната маса на камионот и начинот на возење.
Прочитајте го соопштението за медиумите за новата палета електрични камиони [овде]
Дознајте повеќе за новата палета електрични камиони [овде]
LINK до фотографии со висока резолуција
Милутин Маринковиќ
Маркетинг и администрација, Volvo Adriatic South
+381 63 10 90 245
Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 12 земји низ светот. Во 2025 година, ширум светот беа испорачани околу 120.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.