Камиони

Volvo Trucks лансира нова генерација камиони за тешка индустрија каде што возачот е во фокусот

Volvo Trucks воведува четири нови камиони, со силен фокус кон работната средина на возачот, безбедноста и продуктивноста. „Навистина сме горди на оваа голема инвестиција во иднината. Нашата цел е да бидеме најдобар деловен партнер на нашите клиенти со тоа што ќе ги направиме уште поконкурентни и ќе им помогнеме да ги привлечат најдобрите возачи на сè потешкиот пазар“, вели Роџер Алм, претседател на Volvo Trucks. Четирите камиони за тешка индустрија, Volvo FH, FH16, FM и FMX, претставуваат околу две третини од испораките на Volvo Trucks.
R2A8182 Новиот опсег на камиони за тешка индустрија од Volvo Trucks
Volvo Trucks воведува четири нови тешки камиони со строг фокус кон работната средина на возачот, безбедноста и продуктивноста.

Очекуваната зголемена побарувачка за транспорт врши притисок врз достапноста на квалификувани возачи ширум светот. На пример, во Европа, проценките покажуваат дека околу 20 проценти од сите работни места за возачи се слободни. За да им помогне на клиентите да ги регрутираат и да ги задржат најдобрите возачи, Volvo Trucks се фокусираше кон развојот на новите камиони, за да ги направи побезбедни, поефикасни и поатрактивни алатки за работа за квалификуваните возачи.

„Возачите кои управуваат со својот камион безбедно и ефикасно, се непроценливо богатство за секоја транспортна компанија. Одговорното возење може да помогне во намалувањето на емисиите на СО2 и трошоците за гориво, како и да се намали ризикот од сообраќајни несреќи, повреди и непланиран застој. Нашите нови камиони ќе им помогнат на возачите да работат уште побезбедно и попродуктивно, а на нашите клиенти ќе им дадат посилни аргументи кога се натпреваруваат да ги привлечат најдобрите возачи“, продолжува Роџер Алм.  

Различните модели на камиони во опсегот на Volvo Trucks се достапни со многу различни модели на кабини и може да се оптимизираат за широк опсег на примени. Кај камионите за долги растојанија, кабината честопати е вториот дом на возачот. Кај регионалните транспортни камиони, кабината честопати служи како мобилна канцеларија, додека во градежништвото тие се цврсти и практични алатки за работа. Затоа, прегледноста, удобноста, ергономијата, нивото на бучава, маневрирањето и безбедноста беа клучни фокусни точки при развивањето на сите нови модели на камиони. Екстериерот на камионот исто така е надграден за да ги одрази карактеристиките на новите камиони и да создаде привлечен целосен дизајн.

Нова кабина, која нуди повеќе простор и подобрена прегледност - Volvo FM и Volvo FMX
Новите Volvo FM и Volvo FMX имаат сосема нова кабина, како и многу од истите функции за приказ на инструменти како и нивните поголеми верзии од Volvo. Нивниот ентериер е зголемен за еден кубен метар, овозможувајќи подобра удобност и поголем работен простор. Прегледноста сега е уште подобра заради поголемите прозорци, спуштената линија на вратата и новите ретровизори.

Воланот е опремен со функција за навалување овозможувајќи индивидуално приспособување на позицијатата на возење во поголема мера. Долниот кревет во кабината за спиење е позициониран повисоко од претходно, овозможувајќи поголема удобност и создавајќи дополнителен простор за складирање под него. Дневната кабина има нова 40-литарска преграда за складирање со внатрешно осветлување на задниот ѕид. Удобноста на кабината е дополнително подобрена преку армирана изолација што помага во елиминацијата на студот, топлината и бучавата, додека единицата за климатизација контролирана со сензори со јаглероден филтер промовира добар квалитет на воздухот во сите услови.

Сите модели се опремени со нов интерфејс за возачи
Областа на возачот сега има комплетно нов интерфејс за информации и комуникација, чија цел е да се олесни прегледот и управувањето со различните функции, создавајќи помалку стрес и одвраќање на вниманието. Дисплејот за инструменти е целосно дигитален, има 12-инчен екран којшто го олеснува бирањето на потребните информации во секое време за возачот. На дофат на возачот има дополнителен 9-инчен страничен дисплеј кој е достапен за Infotainment, навигација, информации за транспорт и мониторинг со камерата. Функциите можат да се контролираат преку копчињата на воланот, преку гласовната контрола, или преку екранот на допир и контролниот панел на екранот.

Засилени безбедносни системи за да се избегнат несреќи
Безбедноста е дополнително подобрена со функции, како што се адаптивните долги светла во Volvo FH и Volvo FH16, решение што за првпат е лансирано од Volvo Trucks и од кој било производител. Системот ја подобрува безбедноста за сите учесници во сообраќајот автоматски оневозможувајќи избрани сегменти на LED-зракот кога камионот влегува во сообраќајот или се приближува до друго возило одзади.

Возењето е исто така олеснето со подобрената Адаптивна контрола на возење (ACC) за брзини дури до 0 км/ч и Контрола на возење за удолниште, која автоматски ги активира сопирачките на тркалата кога е потребна дополнителна сила на сопирање со цел одржување на постојана брзина на удолнина. Системот на електронски контролирани сопирачки (EBS), кој е предуслов за безбедносните функции, како што се Предупредувањето за можна незгода со Emergency Brake и Електронската контрола на стабилноста, сега се стандардни кај новиот камион. Volvo динамичкото управување со системите за безбедност, како Помошта за останување во лентата и Помошта за стабилност, е исто така достапно како опција. Системот за препознавање на сообраќајните знаци ги препознава знаците во сообраќајот, како што се тие за ограничувања за претекнување, типот на пат и ограничувањата на брзината, и ги прикажува истите на дисплејот за инструменти.

Прегледноста може да се подобри уште повеќе со додавање на аголна камера кај сопатникот која обезбедува комплементарен преглед на страната на камионот преку страничниот дисплеј.

Ефикасни мотори и алтернативни погонски групи
Животната средина и економичноста се важни фактори за превозните компании. Со оглед дека нема еден единствен извор на енергија со кој ќе се решат сите проблеми со климатските промени и бидејќи различните транспортни сегменти и задачи бараат разновидни решенија, ќе продолжиме да нудиме неколку видови на погони паралелно во блиската иднина.

На многу пазари, Volvo FH и Volvo FM се достапни со мотор на гасен погон LNG кој е во согласност со Euro 6, кој нуди ефикасна потрошувачка и перформанси што може да се споредат со тие на Volvo камионите на дизел, но со далеку помали климатски влијанија. Моторот на гасен погон може да работи на биогас, со што се намалуваат емисиите на CO2 и до 100%, или на природен гас, со што се намалуваат емисиите на CO2 до 20% во споредба со дизел-камионите на Volvo од еквивалентно ниво. Ова се однесува на емисиите на возилото што се создаваат за време на употребата, познати како „tank to wheel“.

Новиот Volvo FH може да се прилагоди и со нов ефикасен дизел мотор Euro 6, кој е вклучен во пакетот I-Save кој овозможува значително намалување на СО2 и потрошувачка на гориво. На пример, при операции на долги релации, новиот Volvo FH со I-Save го комбинира новиот мотор D13TC со пакет функции и може да овозможи заштеда на гориво до 7%*. Исто така, направени се подобрувања со функции за верзиите со Euro 3 и 5, како функцијата Volvo помошник за вртежен момент.

*Тврдењето за подобрена потрошувачка на горивото може да се пресмета со споредба на трошоците за дизел и AdBlue за D13TC Euro 6 чекор Д со пакетот за гориво за возење на долги растојанија (I-Save) со тие за D13 eSCR Euro 6 чекор D без пакетот за гориво за возење на долги растојанија. Реалната економичност на горивото може да варира во зависност од многу фактори, како што се искуството на возачот, употреба на контрола на возење, спецификациите за возилото, оптоварувањето на возилото, топографијата каде што се вози, одржувањето на возилото и временските услови.

ВРСКА до филмот за полигонот
ВРСКА до слики со висока резолуција
ВРСКА до дополнителни изданија на производот; Volvo FH16, Volvo FM и Volvo FMX

За повеќе информации, контактирајте ги:

Tijana Savić

Маркетинг менаџер

+381 63 101 5607

tijana.savic@volvo.com

Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 13 земји низ светот. Во 2021 година, ширум светот беа испорачани околу 123.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.