Камиони

Volvo Trucks го воведува новиот Volvo FH16 – комбинација на удобноста и моќта, за супериорна продуктивност

Volvo Trucks лансираше нова генерација на Volvo FH16, која успешно ги комбинира новите безбедносни функции, фокусираноста кон работната средина на возачот и најновите технологии за да им овозможи на клиентите поголема продуктивност. Новиот модел предводник припаѓа на следната генерација на возила на Volvo Trucks дизајнирани со возачот како приоритет.
Volvo Trucks го претставува новиот Volvo FH16
„Volvo FH16 може да се справи со сите ситуации каде што постојат големи предизвици и, истовремено, да им го даде на клиентите и возачите најдоброто од сè“, вели Роџер Алм, претседател на Volvo Trucks.

„Volvo FH16 е вистински премиум производ, кој може да се справи со сите ситуации каде што постојат големи предизвици и, истовремено, да им го даде на клиентите и возачите најдоброто од сè“, вели Роџер Алм, претседател на Volvo Trucks. „Со новата генерација, создадовме пакет што не прави компромис помеѓу моќноста и ефикасноста на горивото, удобноста и стилот“.

„Volvo FH16 дава сè што очекувате од еден камион на Volvo, но и уште повеќе од тоа со што ја зацврстивме нашата позиција како бренд за операции на долги растојанија“, додава тој.

Смелиот екстериер ги одразува интелигентните технологии
Екстериерот на новиот камион се карактеризира со предни светла во форма V, кои имаат ефекти на кристал, одразувајќи ја интелигентната технологија според која се создадени. Силниот карактер и наследството на моделот предводник Volvo FH16 е нагласен со тематска решетка, додека пак панелите на фаровите се распоредени малку нанадвор за да му се даде на возилото подобрена аеродинамика и самоуверен став.

„Во новиот Volvo FH16 ги редизајниравме повеќето елементи со веќе исконски дизајн од претходните генерации на модели и дополнително ги зајакнавме. Со новите високо-технолошки фарови, на пример, нашиот препознатлив идентитет го однесовме на следното ниво, додека целиот преден дел на камионот е преработен за да предизвика посилен впечаток“, објаснува Исмаил Овачик, главен дизајнер за екстериер за Volvo Trucks.

„Посмел, пософистициран и самоуверен, екстериерот на Volvo FH16 го отсликува фактот дека овој камион е пососредоточен и попаметен од кога било досега“, вели тој.

Надградена работна средина фокусирана околу возачот
Ентериерот на новиот Volvo FH16 е дизајниран специјално со возачите во фокусот, надграден е со нови акцентирани бои и линии кои имаат изглед и даваат чувство на квалитет и ексклузивност. Надградената табла вклучува практичен нов простор за складирање и целосно дигитален 12-инчен дисплеј со инструменти со висока резолуција. Возачот може да избере помеѓу четири различни прегледи на екранот, во зависност од ситуацијата на возење и информациите што би сакал да се прикажуваат.

Делот за возачот може да се опреми со 9-инчен страничен дисплеј кој овозможува Infotainment, помош за навигација, информации за транспорт и мониторинг преку камера. Екранот е лесно пристапен од позицијата на возачот. Интеракцијата може да се изведе на неколку начини: со интуитивно позиционираните копчиња на воланот, преку гласовна контрола или директно преку екранот на допир и контролниот панел на екранот.

Дисплејот за инструменти и страничниот дисплеј функционираат на бројни јазици.

Во новите камиони, рачката на менувачот на брзини I-Shift е редизајниран според премиум стандарди и вклучува осветлени симболи за избор на брзина, како и нови режими на погон за оптимизирана изведба.

Подобрено маневрирање и продуктивност
Зголемената носивост на предната оска и tag и pusher-оските со подобри агли на управување, го подобруваат маневрирањето и продуктивноста на новиот Volvo FH16. Новата повеќеосна група со 38 тони е исто така достапна за операциите што претставуваат особен предизвик.

Првата безбедносна карактеристика во индустријата: Адаптивни долги светла
Новиот Volvo FH16 ги има првите адаптивни долги светла со кои се подобрува безбедноста за сите учесници во сообраќајот преку автоматско оневозможување на избрани сегменти на LED-зракот, кога камионот влегува во сообраќајот или се приближува до друго возило одзади. Високиот зрак се прилагодува кога камерата и радарот ќе откријат дека има други возила или кога камерата открива промени во количината на светлина околу камионот.

Безбедноста е дополнително подобрена со контролата на возење за удолниште, со која се поставува максимална брзина за да се спречи несаканото забрзување при патување по удолнина, и Адаптивната контрола на возење (ACC), која сега работи со сите брзини, дури и со нула км/ч.

Системот на електронски контролирани сопирачки (EBS), кој е предуслов за безбедносните функции, како што се Предупредувањето за можна незгода со Emergency Brake и Електронската контрола на стабилноста, сега се стандардни кај новиот камион. Volvo динамичкото управување со системите за безбедност, како Помошта за останување во лентата и Помошта за стабилност, е исто така достапно како опција.

Новиот Volvo FH16 исто така има систем за препознавање сообраќајни знаци на патиштата, коишто се прикажуваат на екранот за инструментите. Системот открива знаци, како тие за ограничувања на претекнување, типови на пат и ограничувања на брзината.

Прегледноста може дополнително да се подобри со додавање на камера од страната на сопатникот, што пак овозможува дополнителен преглед на страната на камионот преку страничниот дисплеј.

Совршена комбинација за тешките задачи
Со комбинирањето на моќниот 16-литарски мотор до 750 КС со подобреното маневрирање, најнова безбедносна технологија и поголемата поддршка на возачот, новиот Volvo FH16 дава супериорна продуктивност и за најсложените транспортни задачи.

Новиот договор за услуги им помага на клиентите да го подобрат својот проток на готовина
Брзиот развој на поврзаните услуги им дава на превозниците комплетно нови начини за зголемување на времето на активност на возилото и за оптимизирање на користењето на возилото.

Volvo Trucks го воведува договорот на Volvo насловен Flexi Gold Contract, кој нуди иста покриеност како и договорот Volvo Gold Contract по иста предвидлива цена, но со многу поголема флексибилност за прилагодување кон променливите деловни потреби. Месечните давачки се разликуваат благодарение на 40% флексибилниот распон за проценетата годишна километража. Ова им дава на превозниците поголема флексибилност да ги прилагодат своите операции на сезонските промени и променливата побарувачка.

„Многу транспортни компании изразуваат потреба за поголема флексибилност кога станува збор за договорите за сервис. Сега имаме технологија што ни овозможува да направиме динамични и поврзани решенија како што е ова“, вели Томас Нимејер, менаџерот за развој на бизнисот, договори за услуги, Volvo Trucks.

Договорот Volvo Flexi Gold е достапен на избрани пазари во Европа и постепено ќе се пушта на нови.

Факти за новиот Volvo FH16

  • Кабини: Ниска кабина за спиење, кабина за спиење, кабина Globetrotter, Globetrotter XL и Globetrotter XXL. Пакети за екстериер и ентериер за индивидуален дизајн.
  • Мотори: Дизел-моторите се достапни со различни стандарди за емисија на гасови. D16K со Euro 6 чекор Д е достапен со 550 КС/2.800 Nm, 650 КС/3.150 Nm и 750 КС/3.550 Nm.
  • Систем за менување брзини: I-Shift со софтверски пакети за различни области на примена.

ВРСКА до филм
ВРСКА до слики со висока резолуција
ВРСКА до други изданија на производот; Volvo FH, Volvo FM и Volvo FMX

За повеќе информации, контактирајте ги:

Tijana Savić

Маркетинг менаџер

+381 63 101 5607

tijana.savic@volvo.com

Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 13 земји низ светот. Во 2021 година, ширум светот беа испорачани околу 123.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.