Камиони

Volvo Trucks го лансира новиот Volvo FH – следната генерација на камиони дизајнирани со возачот на ум

Volvo Trucks го лансираше новиот Volvo FH, кој има редизајнирана кабина, иновативни безбедносни карактеристики и работна околина фокусирана кон возачот. Клучна цел на новиот дизајн е да му се даде на возачот попродуктивен, побезбеден и поудобен живот на патот.
08A3977 FH 4x2, полуприколка, за долги растојанија на патот
Користејќи различни конфигурации на погонски групи и шасии, новиот Volvo FH може да биде прилагоден да одговара на широк спектар на примени и да овозможи значителна заштеда на гориво и намалување на емисии на СО2.

„Серијата Volvo FH веќе долги години е омилена меѓу возачите на камиони, особено меѓу оние кои поминуваат добар дел од животот на патот“, вели Роџер Алм, претседател на Volvo Trucks. „Со новиот Volvo FH, ние го продолжуваме нашиот јасен фокус на дизајнирање камиони и нудење услуги што можат да им помогнат на возачите да ја завршат работата со светска класа“.

Фокусирањето кон возачите помага при привлекувањето квалификувани професионалци
Важноста на возачите се заснова врз тоа колку е значителното влијанието што тие го имаат врз резултатите на превозниците, во однос на продуктивноста, ефикасноста и услугата на клиентите. „Добар возач може да даде огромен придонес за профитабилноста на нашиот клиент“, продолжува Роџер Алм. „А, низ целиот свет забележуваме хроничен недостаток на квалификувани возачи. Со лансирањето на овој нов камион кој им дава приоритет на продуктивноста и удобноста на професионалниот возач, презедовме важен чекор напред да им помогнеме на нашите клиенти да ги привлечат и задржат најдобрите возачи“.

Ентериерот им дава на возачите супериорна работна средина
Вниманието што им се посветува на возачите е најочигледно во новиот ентериер на работната средина. Работната средина е фокусирана околу модернизираната табла, која има целосно дигитален 12-инчен дисплеј за инструменти со висока резолуција и вклучува фиксен држач за чаши и отворен простор за складирање со осветлување контролирано од сензорот за движење. Екранот за инструменти му овозможува на возачот да избере помеѓу четири различни прегледи на екранот, во зависност од ситуацијата на возење и информациите што возачот претпочита да се прикажуваат.

Дополнителниот 9-инчен страничен дисплеј е тука за Infotainment, помош за навигација, информации за транспорт и мониторинг со камера. Екранот, кој е лесно достапен, му овозможува на возачот интеракција на бројни начини: со интуитивно позиционираните копчиња на воланот, преку гласовна контрола или директно преку екранот на допир и контролниот панел на екранот.

„Лесниот пристап до најразличните информации ја зголемува можноста на возачот да работи поефикасно, побезбедно и поудобно“, наведува Карин Ларсон, главниот дизајнер за корисничко искуство и интеракција на луѓето со машини за Volvo Trucks. „Презентацијата на информациите значително е подобрена со новите дисплеи. Интеракциите сега се концентрирани на страничниот дисплеј, кој е поставен на лесно достапно место за возачот. Така, одвлекувањето на вниманието е минимизирано, бидејќи клучните информации за возењето се прикажани јасно на екранот за инструменти што лесно се користи и лесно се следи.“

Дисплејот за инструменти и страничниот дисплеј функционираат на бројни јазици.

Движењето во кабината е полесно од кога било со новата потенка, ергономски дизајнирана рачка за менување брзини I-Shift. За возачите на кои им е потребен многу поголем капацитет, достапен е паметен систем на двоен акумулатор што гарантира дека секогаш ќе има резервна енергија потребна за да се запали моторот. Исто така, постои широк спектар на опции за прилагодување со нови ткаенини и бои.

Софистициран дизајн и паметни технологии
Смелиот нов изглед на екстериерот се карактеризира со препознатливите фаровите во форма V, кои сега се поместени повеќе нанадвор за да се усогласат со линијата на вратите од кабината. Трепкачките светла се исто така префрлени на вратата, давајќи му на камионот подобрена аеродинамика и посамоуверен изглед. Панелот за бришачи е почист и потенок, додека поголемата ознака го прави новиот Volvo FH лесно препознатлив дури и од далечина.

„Новата генерација на Volvo FH ги комбинира најуспешните елементи од претходната FH серија со паметни технологии и функционален дизајн фокусиран кон луѓето“, продолжува Карин Ларсон. „Резултатот е интелигентен и софистициран камион што му помага на возачот да покаже извонредни перформанси под какви било услови“.

Првата безбедносна карактеристика во индустријата: Адаптивни долги светла
Новиот Volvo FH е првиот камион за тешка индустрија во светот со адаптивни долги светла. Системот ја подобрува безбедноста за сите учесници во сообраќајот автоматски оневозможувајќи избрани сегменти на LED-зракот кога камионот влегува во сообраќајот или се приближува до друго возило одзади. Високиот зрак се прилагодува кога камерата и радарот ќе откријат други возила или кога камерата открива промени во количината на светлина околу камионот.

Другите карактеристики за подобрување на безбедноста на Volvo FH вклучуваат контрола на возење за удолниште, која поставува максимална брзина за да помогне да се спречи несаканото забрзување при патување по удолнина, како и подобрената Адаптивна контрола на возење (ACC) што работи со сите брзини, дури и со нула км/ч.

Системот на електронски контролирани сопирачки (EBS), кој е предуслов за безбедносните функции, како што се Предупредувањето за можна незгода со Emergency Brake и Електронската контрола на стабилноста, сега се стандардни кај новиот камион. Volvo динамичкото управување со системите за безбедност, како Помошта за останување во лентата и Помошта за стабилност, е исто така достапно како опција.

Безбедноста на новиот Volvo FH дополнително е подобрена со системот за препознавање на сообраќајни знаци, кој може да ги препознава знаците како тие за ограничување на претекнувањето, типот на патот и ограничувањето на брзината.

Прегледноста може дополнително да се подобри со додавање на аголна камера кај сопатникот, што пак овозможува дополнителен преглед на страната на камионот преку страничниот дисплеј.

Подобрена ефикасност и продуктивност на горивото
Користејќи различни конфигурации на погонски групи и шасии, новиот Volvo FH може да се прилагоди да одговара на широк спектар на примени и да овозможи значителна заштеда на горивото и намалување на емисиите на СО2. На пример, при операции на долги растојанија, новиот Volvo FH со I-Save за Euro 6 го комбинира новиот мотор D13TC со пакет функции и може да овозможи заштеда на гориво до 7%*. Исто така, направени се подобрувања со функции за верзиите со Euro 3 и 5, како функцијата Volvo помошник за вртежен момент.

На многу пазари, Volvo FH е достапен со мотор на гасен погон LNG кој е во согласност со Euro 6, кој нуди ефикасна потрошувачка и перформанси што може да се споредат со тие на Volvo камионите на дизел, но со далеку помали климатски влијанија. Моторот на гасен погон може да работи на биогас, со што се намалуваат емисиите на CO2 и до 100%, или на природен гас, со што се намалуваат емисиите на CO2 до 20% во споредба со дизел-камионите на Volvo од еквивалентно ниво. Ова се однесува на емисиите на возилото што се создаваат за време на употребата, познати како „tank to wheel“.

Новиот Volvo FH исто така нуди I-Shift со двојна спојка со што овозможува менување на брзините без прекини. Преносот со двојна спојка е особено корисен за време операциите што носат големи предизвици, како што е транспортот на течности, бидејќи го минимизира поместувањето на товар при промена на брзина.

Продуктивноста, уште еден важен приоритет на клиентот, е дополнително оптимизирана кај Volvo FH, како резултат на неговиот капацитет за зголемена носивост на предната оска, како и на tag и pusher-оските со подобрени агли на управување, за да се намали абењето на гумите и да се подобри управливоста. Камионот е исто така достапен со кревање на тандем оската, со што задната оска може да се исклучи и подигне кога камионот не е натоварен, со што се намалува потрошувачката на гориво.

Новиот договор за услуги им помага на клиентите да го подобрат својот проток на готовина
Брзиот развој на поврзаните услуги им дава на превозниците комплетно нови начини за зголемување на времето на активност на возилото и за оптимизирање на користењето на возилото.

Volvo Trucks го воведува договорот на Volvo насловен Flexi Gold Contract, кој нуди иста покриеност како и договорот Volvo Gold Contract по иста предвидлива цена, но со многу поголема флексибилност за прилагодување кон променливите деловни потреби. Месечните давачки се разликуваат благодарение на 40% флексибилниот распон за проценетата годишна километража. Ова им дава на превозниците поголема флексибилност да ги прилагодат своите операции на сезонските промени и променливата побарувачка.

„Многу транспортни компании изразуваат потреба за поголема флексибилност кога станува збор за договорите за сервис. Сега имаме технологија што ни овозможува да направиме динамични и поврзани решенија како што е ова“, вели Томас Нимејер, менаџерот за развој на бизнисот, договори за услуги, Volvo Trucks.

Договорот Volvo Flexi Gold е достапен на избрани пазари во Европа и постепено ќе се пушта на нови.

Факти за новиот Volvo FH

  • Кабини: Ниска кабина за спиење, кабина за спиење, кабина Globetrotter, Globetrotter XL и Globetrotter XXL. Пакети за екстериер и ентериер за индивидуален дизајн.
  • Мотори: Дизел-моторите се достапни со различни стандарди за емисија на гасови. Volvo FH исто така е достапен со мотор со LNG кој е во согласност со Euro 6 чекор D на избрани пазари.
  • Volvo FH со I-Save за Euro 6 е достапен на избраните пазари.
  • Систем за менување брзини: I-Shift / I-Shift со двојна спојка со софтверски пакети за различни области на апликација.

*Тврдењето за подобрена потрошувачка на горивото може да се пресмета со споредба на трошоците за дизел и AdBlue за D13TC Euro 6 чекор Д со пакетот за гориво за возење на долги растојанија (I-Save) со тие за D13 eSCR Euro 6 чекор D без пакетот за гориво за возење на долги растојанија. Реалната економичност на горивото може да варира во зависност од многу фактори, како што се искуството на возачот, употреба на контрола на возење, спецификациите за возилото, оптоварувањето на возилото, топографијата каде што се вози, одржувањето на возилото и временските услови.

ВРСКА до филм
ВРСКА до слики со висока резолуција
ВРСКА до други изданија на производот; Volvo FH16, Volvo FM и Volvo FMX

За повеќе информации, контактирајте ги:

Tijana Savić

Маркетинг менаџер

+381 63 101 5607

tijana.savic@volvo.com

Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 13 земји низ светот. Во 2021 година, ширум светот беа испорачани околу 123.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.