Камиони

Volvo Trucks го носи својот најцврст камион за градежништво во иднината со новиот Volvo FMX

Volvo Trucks го лансираше целосно новиот Volvo FMX со целосно нова кабина, зголемен капацитет и иновативни безбедносни карактеристики. Со зголемено оптоварување на предната оска до 20 тони и повеќеосна група од 38 тони, новиот Volvo FMX е создаден за најтешките услови и најтешките задачи.
Новиот Volvo FMX

„Нашите клиенти од градежната индустрија се соочуваат со сè поголеми побарувања за подобрување во областите како што се одржливоста, ефикасната потрошувачка, безбедноста и продуктивноста“, вели Роџер Алм, претседател на Volvo Trucks. „Со лансирањето на новиот Volvo FMX, ја докажуваме нашата посветеност да ги поддржуваме овие клиенти преку создавање цврсти камиони и иновативни услуги за да им ги олесниме операциите, да ги направиме побезбедни и попрофитабилни.“

Целосно нова кабина со цврст ентериер
Новиот Volvo FMX е изграден на целосно нова платформа за кабини, заснована врз долгото и успешно искуство на Volvo за создавање на цврсти и функционални камиони за градежништвото.

„Новиот Volvo FMX е дизајниран да овозможи супериорна комбинација на агилност и издржливост“, објаснува Исмаил Овачик, главен дизајнер за екстериер за Volvo Trucks. „Комплетно новата кабина вклучува преден дел со лесно заменливи издржливи делови, заштитници за фаровите и нови LED светилки во форма на V. За да им се олесни на возачите да влегуваат или излегуваат, дизајниравме нови скалила против лизгање“.

Додаден фокус кон возачот
Новиот Volvo FMX има зголемен простор во дневната кабина и складиште до 800 литри. Возачите исто така добиваат подобрена прегледност благодарение на спуштената линија на вратата и новите ретровизори. Прегледноста може да се подобри уште повеќе со додавање на камера од страната на сопатникот, која овозможува комплементарен преглед на страната на камионот.

Ентериерот се карактеризира со нова табла со повеќе простор за складирање, нови бои и модерен кластер. Вклучува динамичен 12-инчен дисплеј за инструменти со висока резолуција со интерфејс лесен за користење, којшто му овозможува на возачот веднаш да ги види релевантните информации и да избере помеѓу четири различни прегледи на екранот, во зависност од ситуацијата на возење. Екранот за инструменти се добива подготвен за сите идни надградби и поврзани услуги.

Дополнителниот 9-инчен страничен дисплеј овозможува Infotainment, поддршка за навигација, информации за транспорт и мониторинг со камера. Екранот, кој е лесно достапен, му овозможува на возачот интеракција на бројни начини: со интуитивно позиционираните копчиња на воланот, преку гласовна контрола, или директно преку екранот на допир и контролниот панел на екранот.

Дисплејот за инструменти и страничниот дисплеј функционираат на бројни јазици.

Новиот FMX исто така е опремен со нов контролен панел за влеча кој му помага на возачот лесно и брзо да се справи со потенцијално опасните ситуации, како на пат, така и надвор од патот. Возачот може да добие поголема сила на влечење со вклучување на диференцијалите со вртење на копче, истовремено гледајќи го статусот на влечење на екранот за инструменти.

Новиот волан со опција за навалување му нуди на возачот поергономска позиција за возење.

Поголем простор за складирање и поголема удобност во секојдневната средина
Новата кабина за спиење на новиот Volvo FMX доаѓа со подобрени можности за складирање, вклучувајќи голема преграда под кренатиот кревет и горен заден простор за складирање со LED панели во поделбите на преградите. Удобноста на кабината е дополнително подобрена преку армирана изолација, којашто помага да се заштитите од ладно, топло и бучава. Преместувањето од седиштето во креветот е полесно од кога било со нова потенка, ергономски дизајнирана рачка за менување брзини I-Shift.

GCW до 150 тони за зголемена продуктивност
Новиот Volvo FMX има најтежок додаток од сите шасии на Volvo – повеќеосна група од 38 тони, која овозможува бруто маса на комбинацијата (GCW) до 150 тони. Покрај тоа, предната воздушна суспензија е надградена, овозможувајќи оптоварување на предната оска до 10 тони, или 20 тони за двојни предни оски. За камиони со управувана tag или pusher-оска, аглите на управување се зголемени, што резултира во подобрено маневрирање и намалено абење на гумите. Сите овие подобрувања само придонесуваат кон зголемување на продуктивноста и ефикасната потрошувачка во транспортните задачи во градежништвото.

Безбедносни карактеристики кои помагаат да се избегнат несреќи
Новиот Volvo FMX доаѓа со Адаптивна контрола на возење (ACC) која сега работи со сите брзини, дури и со нула км/ч. Другите карактеристики за подобрување на безбедноста на Volvo FMX вклучуваат контрола на возење за удолниште, со која се поставува максимална брзина за да се спречи несаканото забрзување при возење по удолнина. Системот на електронски контролирани сопирачки (EBS), кој е предуслов за безбедносните функции, како што се Предупредувањето за можна незгода со Emergency Brake и Електронската контрола на стабилноста, сега се стандардни кај новиот камион. Volvo динамичкото управување со системите за безбедност, како Помошта за останување во лентата и Помошта за стабилност, е исто така достапно како опција.

Новиот систем за препознавање на сообраќајни знаци ја зголемува безбедноста на Volvo FMX со прикажување на сообраќајните знаци на екранот за инструменти, како што се тие за ограничувањата на брзината, ограничувањата за претекнување и типот на патот.

За особено тешки примени, како рударството, Volvo FMX доаѓа со опционален челичен отвор за покрив со рачка за излегување во итен случај со која се отстранува целиот отвор.

Цврст и комплетен пакет
Со дизајнирање на цврстиот нов камион FMX за градежништво, кој може да носи повеќе тони и полесно да маневрира, додека го чува возачот на безбедно и удобно, Volvo Trucks може да помогне во зголемувањето на продуктивноста и профитабилноста во градежната индустрија.

Новиот договор за услуги им помага на клиентите да го подобрат својот проток на готовина
Брзиот развој на поврзаните услуги им дава на превозниците комплетно нови начини за зголемување на времето на активност на возилото и за оптимизирање на користењето на возилото.

Volvo Trucks го воведува договорот на Volvo насловен Flexi Gold Contract, кој нуди иста покриеност како и договорот Volvo Gold Contract по иста предвидлива цена, но со многу поголема флексибилност за прилагодување кон променливите деловни потреби. Месечните давачки се разликуваат благодарение на 40% флексибилниот распон за проценетата годишна километража. Ова им дава на превозниците поголема флексибилност да ги прилагодат своите операции на сезонските промени и променливата побарувачка.

„Многу транспортни компании изразуваат потреба за поголема флексибилност кога станува збор за договорите за сервис. Сега имаме технологија што ни овозможува да направиме динамични и поврзани решенија како што е ова“, вели Томас Нимејер, менаџерот за развој на бизнисот, договори за услуги, Volvo Trucks.

Договорот Volvo Flexi Gold е достапен на избрани пазари во Европа и постепено ќе се пушта на нови.

Факти за новиот Volvo FMX

  • Кабини: Дневна кабина, ниска дневна кабина, ниска кабина за спиење, кабина за спиење, кабина Globetrotter, кабина за тим. Пакети за екстериер и ентериер за индивидуален дизајн.
  • Нов волан со опција за навалување за поергономска позиција на возење.
  • Мотори: Дизел-моторите се достапни со различни стандарди за емисии на гасови.
  • Систем за менување брзини: I-Shift и I-Shift со степени на пренос за бавно движење, со софтверски пакети за различни области на примена.
  • Светла: Халогени или LED предни фарови.

ВРСКА до филм
ВРСКА до слики со висока резолуција
ВРСКА до други изданија на производот; Volvo FH, Volvo FH16 и Volvo FM

За повеќе информации, контактирајте ги:

Tijana Savić

Маркетинг менаџер

+381 63 101 5607

tijana.savic@volvo.com

Volvo Trucks нуди комплетни транспортни решенија за прибирливите професионални клиенти со цела палета на камиони за локален,регионален и меѓународен транспорт. Поддршката за клиентите ја обезбедува глобалната дистрибутерска мрежа која се состои од 2.200 сервисни работилници во 130 земји. Камионите на Volvo се склопуваат во 13 земји низ светот. Во 2021 година, ширум светот беа испорачани околу 123.000 камиони на Volvo. Volvo Trucks е дел од Volvo Group, еден од водечките светски производители на камиони, автобуси, градежна опрема и поморски и индустриски мотори. Групацијата нуди и комплетни решенија за финансирање и сервисирање. Компанијата Volvo Trucks својата работа ја заснова на главните вредности: квалитет, безбедност и заштита на животната средина.