Камиони

Mattias Ahlberg Томас Туресон
2024-01-29
Технологија и иновации
Authors
Mattias Ahlberg
Total Offer Intro Manager
Томас Туресон
Менаџер за комерцијализација за нови понуди

Нови камиони и функции од Volvo Trucks – сѐ што треба да знаете

Оптимизирана енергетска ефикасност, подобрена прегледност и подобрено искуство на возачот – ова е она што можете да го очекувате од иновациите што ги претстави Volvo Trucks на 29 јануари. Овие подобрувања на клучните карактеристики ветуваат значителни предности за транспортната индустрија, возачите и општеството како целина. Еве преглед на најважните вести.
 

Најновото лансирање на камиони и иновации на Volvo Trucks го означува едно од најобемните претставувања во сегментот на тешки камиони во последниве години. Тоа опфаќа сè, од надворешен дизајн и аеродинамичност до технолошки иновации насочени кон зголемување на енергетската ефикасност и безбедност. Во лансирањето е вклучен нов, економичен мотор D17 за Volvo FH16 и Volvo FH16 Aero, со импресивна моќност и вртежен момент. Новите производи и карактеристики се развиени за да ги задоволат потребите и желбите на општеството, транспортните бизниси и возачите. 
 

Еве список на најважните вести:  

  1. Новата, аеродинамична кабина – претставена на Volvo FH Aero и Volvo FH16 Aero
  2. Системот за надгледување со камери – достапен кај повеќето модели на камиони
  3. Аеродинамични подобрувања на сите кабини
  4. Подобрен звучен систем и други унапредувања во внатрешноста   
  5. Volvo FH Aero со кабината Globetrotter XXL достапна за сите индустриски сегменти во Европа  
  6. Нов мотор со до 780 коњски сили и 3800 Nm вртежен момент, за Volvo FH16 и FH16 Aero.
  7. Функцијата за штедење на гориво I-See, сега е уште подобра
     

„Неверојатно задоволство ни носи тоа што можеме да им понудиме на нашите клиенти толку импресивен спектар на иновации и новини. Ова е значителен чекор за подобрување на енергетската ефикасност и намалување на јаглеродниот отпечаток. Исто така, ја подобруваме безбедноста со подобрената прегледност преку воведување систем за надгледување со камери што ги заменува традиционалните ретровизори. Дополнително, на возачите им обезбедуваме подобра работна средина. Убеден сум дека ова ќе донесе корист, како индустријата, така и за општеството како целина“, рече Томас Туресон, Менаџер за комерцијализација за нови понуди во Volvo Trucks.
 

Целосно новата, енергетски ефикасна аеродинамична кабина

Најистакната иновација е новата аеродинамична кабина што може да се види на Volvo FH Aero и Volvo FH16 Aero. Благодарение на промените во Директивата за тежини и димензии на Европската унија, предниот дел на кабината е продолжен за да се намали отпорот на воздухот. Дополнително, дизајнот на кабината е прецизно обработен за оптимална аеродинамичност.
 

„Намалениот отпор доведува до подобрена енергетска ефикасност, без разлика дали се работи за погон на дизел, на гас или електричен погон. Ова, пак, значи намалени емисии на CO2 и намалени трошоци за купувачот. Ова е значителен напредок за операторите“, рече Матијас Алберг, Менаџер за воведување на вкупната понуда во Volvo Trucks.    
 

За да дознаете повеќе и да ги видите новите Volvo FH Aero и Volvo FH16 Aero во акција, изгледајте го овој филм за целосниот асортиман.

Како Системот за надгледување со камери на Volvo Trucks ќе го подобри возењето

Друго големо подобрување е усвојувањето од страна на Volvo Trucks на систем за надгледување со камери за замена на традиционалните ретровизори. Овој систем нуди неколку клучни предности:

 

  • Камери поставени на крила за минимален отпор на воздухот во споредба со традиционалните ретровизори. 
  • Подобрена директна прегледност без попречување на конвенционалните ретровизори.
  • Дождот и нечистотијата на страничниот ретровизор повеќе не влијаат врз задната прегледност.
  • Видното поле за одзумирање му помага на возачот безбедно да маневрира, давајќи повеќе информации за сообраќајот околу камионот. 
  • Линиите за крајот на приколката на главниот заден поглед му помагаат на возачот, особено при промена на лентата.
  • Подобрена ноќна прегледност благодарение на инфрацрвената технологија.
  • За да се подобри безбедноста на возачот, системот може да се активира од контролната табла покрај креветот кога возилото е паркирано, за да се следи секоја активност околу него. 
     

„Тоа е многу компетентен систем и сакам да истакнам дека нашата високо ценета аголна камера за сопатник е исто така достапна и со оваа поставеност, позиционирана покрај камерата за заден поглед на истото крило“, рече Матијас Алберг.
 

Системот за надгледување со камери е достапен за сите модели на кабини, освен за оние со екстремно ниски покриви или класификација FLADR. Тука можете да најдете повеќе информации за разликите помеѓу системот за надгледување со камери и традиционалните странични ретровизори.

Со замена на страничните ретровизори, системот за надгледување со камери придонесува за подобрена аеродинамичност, како и за подобрена прегледност.

Зошто малите подобрувања прават голема разлика

Сите кабини претрпеа аеродинамични подобрувања, како видливи, така и невидливи. Овие подобрувања вклучуваат намалени празнини и подобрени заптивки помеѓу компонентите на кабината за да се обезбеди помазен проток на воздух. Областа над ветробранското стакло исто така е оптимизирана за да се минимизира воздушниот отпор. 
 

„Накратко, направивме бројни мали подобрувања кои колективно ги прават кабините поаеродинамични. Исто така, целото осветлување беше модернизирано, сега исклучиво со LED-светла. За посовремен изглед, на железниот знак на Volvo му дадовме сосема нов и почист дизајн кој е усогласен со целокупната естетика“, рече Томас Туресон.
 

Што е со унапредувањата во внатрешноста?

Унапредениот надворешен дизајн и пристапот со напредно размислување се одразуваат и на внатрешноста на камионот. Фокусот тука е на создавање подобра работна и животна средина за возачите.
 

  • Префинет звучен систем за подобрено искуство, со опционални засилувачи и сабвуфери. 
  • Унапреден интерфејс на секундарниот екран кој овозможува персонализирани прикази.
  • Зголемен број на приклучоци (USB-C) за поддршка при полнење на уреди како што се мобилни телефони, таблети итн. 
  • Нова микробранова печка убаво вградена во предната полица за подобра пристапност.
  • Екрани на системот за надгледување со камери поставени до столбот А за да се оптимизира директната прегледност.
  • Нов далечински управувач со клучеви со вградена функција за контрола на осветлувањето.
     

Дали кабината Globetrotter XXL ќе биде достапна за повеќе сегменти?

Со оглед на тоа што ажурираната Директива за тежини и димензии на Европската унија дозволува подолги кабини со аеродинамичен дизајн, сега е законски возможно да се користи кабината Globetrotter XXL на Volvo на европските патишта. Ова значи дека Volvo FH Aero и Volvo FH16 Aero со кабината Globetrotter XXL можат да се користат во сите индустриски сегменти во Европа без да влијаат врз носивоста. Без разлика дали превезувате дрва, цемент или автомобили, можете да уживате во кабина со повеќе внатрешен простор и поширок кревет. 

„Ова е вистинска предност за возачите кои поминуваат подолги периоди на пат“, рече Матијас Алберг.

Матијас Алберг, Менаџер за воведување на вкупната понуда во Volvo Trucks и Томас Туресон, Менаџер за комерцијализација за нови понуди, Volvo Trucks.
„Неверојатно задоволство ни носи тоа што можеме да им понудиме на нашите клиенти толку импресивен спектар на иновации и новини. Ова е значителен чекор за подобрување на енергетската ефикасност и намалување на јаглеродниот отпечаток.“

Поголема моќност и вртежен момент за сегментот за возење тежок товар

Друго значително подобрување во сегментот за возење тежок товар е воведувањето на целосно нов 17-литарски мотор. Како најмоќен мотор некогаш направен од страна на Volvo, тој нуди до 780 коњски сили и вртежен момент од 3800 Nm.
 

„Ова е мотор од светска класа во однос на технологијата. Тој е енергетски ефикасен со брза реакција, помала тежина, висока продуктивност и подобрени перформанси на моторната сопирачка. Благодарение на неговиот висок вртежен момент, возачите можат да одржуваат повисоки брзини подолги периоди и да заштедат гориво. Ова е од корист за животната средина, а на клиентите им остава повеќе пари во џебовите“, рече Томас Туресон.

 

Новиот мотор е достапен во три различни верзии:

  • 600 КС и 3000 Nm
  • 700 КС и 3400 Nm
  • 780 КС и 3800 Nm
Целосно новиот 17-литарски мотор – најмоќниот некогаш направен од страна на Volvo Trucks – нуди до 780 коњски сили и вртежен момент од 3800 Nm.

Подобрено искуство на возачот со I-See 

Дополнителните вести насочени кон искуството на возачот вклучуваат подобрувања на I-See, што сега е уште поефикасно. Тој беше унапреден за да се приспособи брзината на возилото во кривини, кружни текови и кај знаци за ограничување на брзината. Ова ќе го подобри искуството при возење и ќе доведе до зголемена употреба на темпоматот.  

„Целта е да им се овозможи на возачите да користат темпомат во позначителен дел од нивните патувања. Тоа доведува до подобрено искуство на возачот, како и намалена потрошувачка на енергија и помали емисии на јаглерод. Истовремено, возачите уживаат во поудобен работен ден со помошни функции кои ги поедноставуваат нивните задачи“, рече Томас Туресон.  

Сè на сè, овие иновации нудат голем потенцијал за транспортната индустрија да ги исполни целите за одржливост, да ја подобри безбедноста, како и да привлече и задржи возачи.

Сакате да дознаете повеќе? Запознајте ги нашите камиони и како можеме да ги приспособиме според вашите потреби.