Што се случува ако електричен камион удри во друг камион? Или се лизга и превртува со голема брзина? Ана Вриге Берлинг, директор за безбедност во Volvo Trucks, ни кажува како електричните камиони на компанијата се конструирани да бидат отпорни на судари.
Електричните камиони со батерии стануваат се почеста глетка на нашите патишта. Бидејќи безбедноста е во сржта на Volvo Trucks, електричните камиони компанијата ги развива да бидат подеднакво безбедни како и сите други камиони. Еден важен безбедносен аспект е отпорност на судири, што значи развој на возила кои се отпорни на ефектите од судир.
„Електричните камиони на Volvo ги имаат истите кабини како и нашите традиционални дизел камиони, кои се темелно тестирани за да се увериме дека се отпорни на судири. Електричните камиони исто така ги имаат истите напредни безбедносни функции кои се дизајнирани да спречат судири уште од самиот старт“, вели Ана Вриге Берлинг, директор за безбедност во Volvo Trucks..
Електричните камиони со батерии имаат свои специфични безбедносни предизвици, главно поврзани со системот за електромобилност кој вклучува батерија од 600 V. Ризикот од краток спој и истекување на хемикалија од системот треба да се минимизира.
Volvo користи ригорозни пресметки, виртуелни симулации, како и тестови на судир во целосен размер за да ја потврди безбедноста на електричните камиони во случај на судар.
„Пресметките и виртуелните симулации се основата кога развиваме и потврдуваме безбеден дизајн за нашите електрични камиони. На овој начин, можеме дигитално да тестираме различни сценарија и параметри. За да ги потврдиме резултатите од симулациите, спроведуваме и тестови на судир на камионите во целосен размер“, вели Ана Вриге Берлинг.
Тестовите за судир симулираат реални сообраќајни ситуации со цел да се потврдат барањата за електрична, хемиска и противпожарна безбедност.
„Целта на тестовите за судир од целосен размер е да се минимизира ризикот од пожар и хемиско истекување со потврда дека батериите и електричните компоненти остануваат на своето место во случај на несреќа и дека високонапонскиот систем се исклучува“, објаснува таа.
На Volvo FM Electric се направени три типа на целосни тестови за судир. Резултатите од тестовите ги потврдуваат позитивните резултати од виртуелните симулации.
Volvo Trucks е првиот светски производител на камиони кој има целосен опсег на електрични камиони во сериско производство.
„Како првенци, ние имаме голема одговорност да се осигураме дека преминот кон електричен транспорт без фосилни горива се врши без да се загрози безбедноста – за возачите, спасувачките тимови и за сите други учесници во сообраќајот“, вели Ана Вриге Берлинг, директорка за безбедност во Volvo Trucks.