Камиони

Македонија

×
Способноста за маневрирање е од витално значење за возачите

Ве вади од тесните места

Управливоста на Volvo FL

Центрите на градовите и урбаните средини стануваат сè потешки места за камионите. Возачите треба да ги земат во предвид безбедноста, тајмингот и ефикасноста, како и сопствените барања за испорака. При секое свртување, свиок и крстопат на патот. За среќа, Volvo FL е опремен со одлики кои ви овозможуваат да се пробиете низ урбаниот лавиринт без каква било драма.

Придвижете се

Способностите за маневрирање на Volvo FL ви помагаат да го поминете дури и најтешкиот работен ден без капка пот.

Volvo FL без проблем ве води низ тесните улички на градот
Volvo FL грациозно ве превезува до претходно недостижни места

Тесно место? Нема мака

Малиот радиус на свртување ве штеди од постојаното враќање наназад. Ретровизорите ги минимизираат слепите точки. Интелигентната трансмисија I-Sync совршено и навремено го менува степенот на пренос. И напредната ергономија на возење го симнува напорот од вашите движења.

Вистинската насока

Седнете зад управувачот. Посетете го локалниот дилер на Volvo Trucks и лично искусете ја извонредната способност за маневрирање на Volvo FL.