Камиони

Македонија

×
Volvo FL: со безбедна кабина од светска класа

Безбедно во градот

Безбедна кабина на Volvo FL

Тестови на судир. Тестови со препрека. Тестови за челен удар. Volvo FL ги помина сите. Веројатно најцврстата кабина во нејзината класа, доаѓа со низа безбедносни одлики што помагаат да бидете безбедни доколку се случи незгода.

Volvo FL safety cab drivers seat studio

Седнете. Врзете се. Останете безбедни

Зајакнатите седиште и прицврстувањето на седиштето го минимизираат движењето нанапред при незгода. Потпирачот за вратот ви помага да ја држите главата стабилна и добро заштитена. А интегрираниот сигурносен појас ве заштитува со првокласна отпорност на удар. Откако вашата безбедност е средена, она што останува е да ја одберете бојата на сигурносниот појас – црна или црвена која тешко може да не се забележи?

Volvo FL safety cab steering wheel

Двојна цврстина

Целата кабина на FL е зајакната со 31 килограм дополнителен челик за да ве заштити ако сте вклучени во незгода. За да се намали ризикот од повреда при судир, нема остри рабови на контролниот пулт, управувачот и командите.

Volvo FL safety cab steering headlights studio

Ве штити вас и другите

Нашите системи за предна и задна заштита од навлегување под камион се дизајнирани да спречат забивање на автомобили под камионот при судир, намалувајќи ја можноста од повреди на патниците. А нашата електронска програма за стабилизација ефикасно ја намалува опасноста од пролизгување и превртување. Во опасни ситуации таа веднаш се вклучува, намалувајќи ја моќноста на моторот и активирајќи ги посебно сопирачките на секое тркало на камионот и приколката.

Ја обезбедува најдобрата можност да се види и да се биде виден

Прегледност на сите страни

Клучно кога сте во метежот на градските улици е да знаете што се случува околу вашиот камион. Настрана големата шофершајбна на Volvo FL и одличните ретровизори – помошниот понизок прозорец во сопатничката врата ви дава одличен поглед на инаку слепите точки.

Volvo FL safety cab headlight studio

Браник од три дела

Челичните агли му даваат на браникот исклучителна отпорност на удар, намалувајќи ги ризикот од оштетување и трошоците за поправка. А ако имате незгода, посебните делови го изолираат ударот, така што ќе треба да ги промените само оштетените делови.

Volvo FL safety cab alarm

Сигурен систем

Опсежниот, далечински контролиран алармен систем помага Volvo FL да се чува безбеден. Тој лесно се активира доколку несакани гости се обидуваат да ги отворат вратите или се плеткаат околу возилото, со што ви нуди спокој кога не сте кај камионот.

Разгледајте ја опционалната опрема за безбедност од Volvo

Дополнителни безбедносни додатоци 

Ви требаат загревани надворешни ретровизори? Комплет за прва помош? Или заштитна фолија за ветробранот? Можеме да го опремиме вашиот Volvo FL со кој било безбедносен додаток што ви е потребен.

Безбедна и цврста

Искусете ја самите најцврстата кабина во нејзината класа. Посетете го локалниот дилер на Volvo Trucks за тест возење.

Карактеристики на Volvo FL